Популарната апликација за попусти Grouper.mk сега достапна и на AppGallery на Huawei
Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2020 11:23
Една од најпопуларните и најкористени апликации во земјава Grouper.mk, со која се нудат попусти за најразлични производи и услуги, сега е достапна и на продавницата за апликации AppGallery на Huawei.
Grouper.mk е водечка платформа во земјава, која нуди зделки со попуст до 90 отсто за облека, производи за домаќинство, убавина, играчки, помош во домот, посета на ресторани, патувања во целиот свет и домашни и многу други најразлични производи и услуги. Со преземање на апликацијата Grouper секој може да штеди додека открива нови ресторани, салони за убавина, спорт и други локални бизниси од Северна Македонија, чија понуда секојдневно се надополнува. Само со еден клик може да се стане сопственик на купон кој дава најразлични попусти.
AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокус во секоја од 170-те земји во кои работи Huawei е што побрзо да ги обезбеди најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини, а во земјава една од таквите е токму Grouper. Прва апликација од Северна Македонија која се најде во AppGallery на Huawei беше апликацијата МојДДВ.
Во портфолиото на продавницата за апликации на Huawei –AppGallery, сите апликации кои се поделени во 18 категории, се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизми за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурносната заштита на четири нивоа.
Официјалната платформа за презема ње апликациина Huawei– AppGalleryе во првите 3 продавници за глобални апликации и истата нуди оптимизирани апликации кои работат на уредите Huawei за да се постигне поиновативно и интелигентно искуство.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




