ПОПУЛАРНИТЕ ВИРШЛИ WUDY СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР - Италија ја нашла бактеријата листерија, АХВ ги повикува потрошувачите кои ги купиле да ги вратат
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2022 11:14
Од македонскиот пазар се повлекуваат популарните виршли Wudy, откако во Италија кај такви виршли било утврдено присуство на опасната бактерија листерија.
Ова го соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Врз основа на добиена нотификација за пласиран небезбеден производ на пазарот во Република Северна Македонија - виршли од брендот Wudy, кај кои вo земја членка на ЕУ било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155, како контакт точка на Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (RASSF) на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), нареди итно повлекување на следниве небезбедни серии од овој производ:
Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3.030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот“, велат од АХВ во своето соопштение.
За небезбедниот производ преку RASSF системот на ЕУ известила Италија, која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија Lysteria monocitogenes ST 155 ја креирала наведената нотификација која била поткрепена и со лабораториска анализа. Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица.
Се повикуваат потрошувачите кои ги имаат купено посочените серии од производот истите да не ги употребуваат, односно, да ги вратат на местото каде се купени.
Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




