18 Мај, 2024
0.0270

Популизмот е црна дупка на економијата

Објавено во: Економија, Колумни 06 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Борбата за опстанок на актуелната власт во земјата, за жал  влезе во фаза кога целта, според макијавелистичката максима, ги оправдува средствата. Веќе, највулгарно се посегнува и по средства со кои моментално ќе се  ублажат социјалните тензии, но на среден и подолг рок  се уништува економијата, основата врз чиј напредок  обично се  бара доверба за опстојување или за освојување на власта. Со последните мерки на власта, популизмот во земјата почна да ја „голта“ економијата, како што црната  дупка во вселената ги голта објектите кои ја изгубиле патеката на движење. Ова особено се однесува на најавените мерки за забрзано вработување преку субвенционирање на персоналниот данок и придонесите за платите за работниците кои ќе бидат вработени од домашните бизнисмени, како и на новите проекти кои власта не ги ветила, но сега ќе ги реализира, и покрај тоа што за нив нема обезбедени средства во годинешниот буџет. Се‘ е поочигледно дека  токму со овие популистички политики, директно се поместува  еден од темелите за ефикасно функционирање на пазарниот систем, а тоа е цената на трудот. На овој начин владата, со цел по секоја цена да се остане на власт го загрозува и главниот извор на средства за финансирање на општата и заедничката потрошувачка, вклучувајќи ги и идните популистички мерки. Ваквиот потег значи дека се зголемува цената за одржување на власт на владејачките елити. Се намалуваат и можностите за пресврт во развојот, поради тоа што ќе мора да дојде до натамошна прераспределба на средствата од буџетот или до зголемување на буџетскиот дефицит, а со тоа и долгот спрема странство, кој веќе е на ниво да треба под итно да се бара чаре за негово намалување. Уште понеприфатливо е што со субвенциите за персонален данок и за придонесите на нововработените се интервенира во цената на трудот што, несомнено, ќе заврши не само со натамошна стагнација на платите, туку и со нивно намалување, доколку дојде до помасовно вработување врз оваа основа. Да не заборавиме што се случува во фабриките на странските инвеститори кои исто така користат слични и уште поголеми бенефиции, а домашните бизнисмени подолго време бараат изедначување на условите за стопанисување со странските инвеститори. Од авион се гледа дека едвај чекаат да ги намалат трошоците за трудот не само на сметка на буџетските субвенции, туку веројатно и со намалување на висината на постојните плати. Кога можат странците, зошто не и тие? Веќе никој не треба да се убедува дека овој потег е одговор на премиерот за задушување на одекот од „бомбите“ на Заев чија содржина ги растресе врвовите на владејачката македонска партија. Но, наместо да понудат одбрана, а ако ја немаат да си понесат морална и политичка одговорност,  врвот на ВМРО-ДПМНЕ се реши да ги интензивира мерките со кои се нарушуваат повеќе пазарни сегменти на пазарната економија, а со тоа и пазарниот систем на земјата. Се покажа дека беа во право сите оние што, неколку години наназад, укажуваа на ограничениот дострел на популистичките политики на власта и предвидуваа слом на развојната политика заснована врз нив. Тие политики се погодни за билдање на рејтинзи на носителите на власта, но доколку излегуваат од рамките на социјалната и регионалната политика за рамномерен развој, ги нарушуваат објективните критериуми за конципирање на развојните политики на стопанските субјекти и на земјата во целина. Затоа и ни се случува бизнисот да е претерано ориентиран кон „олеснувањата од владата“ наместо развојот да го бараат во порастот на квалитативните фактори на стопанисување (економичноста во работењето и продуктивноста на трудот). Посегнувањето по антипазарни мерки за да се продолжи довербата градена врз популистички мерки, е врвен доказ за нивната истрошеност, но и за  неподготвеноста на власта да пристапи кон спроведување на потребните и долгоочекувани структурни рефроми во стопанството и општеството, како основа за одржлив развој во иднина. Таа нема време за подолгорочни зафати. Мора да го брани своето одржување на власт.И како што гледаме, по секоја цена. Дури и  по цена да се деструира и пазарниот систем, независно што тоа води кон натамошно продлабочување на политичката и економската криза. Во остварувањето на новите мерки за вработување  власта успеа да ги „впрегне“ и социјалните партнери.  И синдикатите и бизнис заедницата дадоа зелено светло. Ова беше битно за да се заокружи прикаската дека одсега па натаму сите ќе бидат среќни. Но, за жал до среќата не се стигнува со популистички мерки. Единствено сигурен, но времен бенефит ќе оствари власта, бидејќи масите невработени ќе се свртат кон неа како спасител. А што ќе добијат невработените? Надеж дека некој ќе ги побара да работаат, но без илузии дека од заработката ќе можат и пристојно да живеат, бидејќи условите ги диктираат малкумина од елитите на власта, на работодавачите и на, божем, независните синдикати. Тоа значи - актуелната олигархија. А во олигархиска власт нема многу надежи за работништвото. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа