Поради корона Бразил секој ден губи по 2.000 жители, а вакцини нема доволно
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Мај, 2021
Бразилците кубурат за вакцини. Поради коронавирусот Бразил секој ден губи по 2.000 луѓе.
Бразил сè уште се бори да обезбеди доволно вакцини. Околу 33 милиони луѓе, или 15 проценти од населението, примиле барем една доза, што е премалку. Бразил сè уште треба да вакцинира 80 милиони луѓе од приоритетните групи, вклучително и стари лица и здравствени работници.
Владата на претседателот Жаир Болсонаро, која е цел на истрага поради пандемијата, се соочува со критики за неуспехот да обезбеди повеќе вакцини, особено затоа што ја одби понудата за купување милиони дози и предизвика дипломатски тензии со Кина.
Иако сегашниот бран од коронавирус во Бразил е малку стивнат од април, вирусот сè уште убива. Пред да пламне Индија, Бразил беше најголемо жариште во светот.
Во многу лоша состојба сега е и Индија, каде дневно умираат по 4.000 луѓе. Светската здравствена организација (СЗО) тврди дека сега има повеќе жртви од лани. СЗО повика богатите земји наместо да ги вакцинираат децата, да ги донираат вакцините.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.