Поради коронавирусот откажан е Охридскиот пливачки маратoн
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јули, 2020
Годинава нема да се одржи Охридскиот пливачки маратoн.
Љубителите на овој спорт ќе останат покуси за овој настан поради пандемијата на коронавирусот.
Иако е една од најпознатите и напосетените спортски манифестации кај нас, маратонот е откажан и нема да се одржува летово, објави Пливачката федерација на Македонија.
Наведуваат дека е откажана целата серија на ФИНА поради пандемијата на коронавирусот.
Од Федерацијата информираат дека догодина тие повторно ќе бидат дел од светскиот календар и дека ќе ги организираат двете.
„Почитувајќи ги препораките на Светска Здравствена Организација како и новиот бран на заразени од Ковид-19 ширум светот се причината поради која ФИНА реши да ги откаже сите натпреварувања во далечинско пливање“, се вели меѓу другото во соопштението на македонската пливачката федерација.По 28 години нема да има маратон во Охрид.
Од 1998 година натпреварувањето е дел од програмата на Меѓународната пливачка федерација.
За 24 часа во Охрид и во соседната Струга има по 3 нови случаи на коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.