Поради коронавирусот Собранието немаше кворум за работа
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 18 Јануари, 2021
Собранието денеска немаше кворум за работа.
Од владејачкото мнозинство еден пратеник е позитивен на Ковид - 19, а уште еден е тестиран и чека резултати, и поради тоа се во изолација. Пратениците во ВМРО-ДПМНЕ не влегуваа во салата, па поради тоа не можеше да се обезбеди кворум од 61 пратеник, ниту за да се изгласа утврдениот дневен ред. Седницата не ни почна, а собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина со образложение дека нема деловнички можности за работа. Координаторот на СДСМ Јован Митрески кажа дека опозицијата со денешното неприсуство на седницата покажува недржавничко однесување, особено што на дневен ред е измена на Законот за лекови, поврзани со вакцинацијата против коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.