29 Април, 2024
0.0384

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

Објавено во: Македонија 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Стејт Департментoт објави дека на црната листа на САД се ставени поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски. Одлуката е да им се забрани влез во САД, покрај на назначените и на семејствата на Јакимовски и Јанева.

„Јанева беше вмешана во коруптивни дела, вклучително и користење на нејзиното политичко влијание и службена моќ за лична корист“, изјави Метју Милер, портпаролот на Стејт департментот.

Вели дека Јакимовски, како градоначалник на општина беше вмешан во коруптивни дејствија. 

„Вклучително и користење на својата службена положба за мешање и попречување во урбаното планирање и  развој и процесите на набавки во корист на себе и на неговите соработници“, истакна Милер на прес конференцијата кога ја објави одлуката.

Јакимовски е и претседателски кандидат кој собра потписи за да учествува на претстојните избори.

Американската амбасадорка Анџела Агелер на ФБ на амбасадата на САД објави статус во кој вели дека САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, гранка на владата или заедница.

„Денешните ознаки на поранешната специјална главна обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски не треба да изненади никого. САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, гранка на владата или заедница вклучена во значителна корупција. Народот на Македонија заслужува правда и одговорност од своите институции да го спречат бранот на криминалното однесување и да го спречат ракот на корупцијата“, пишува Агелер.

Претходно бизнисмени и политичари завршија на црната листа. 

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи