Поради пандемијата Хрватите се борат со зголемена невработеност
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 11 Септември, 2020
Поради пандемијата на коронавирусот, Хрватите се соочуваат со зголемена невработеност.
На крајот на август во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување имало 151.368 невработени.
Тоа е намалување за 0,04 проценти на месечно ниво и зголемување за 32,2 проценти на годишно ниво, објави Заводот.
На годишно ниво, бројот на невработени продолжува да расте со стапка од над 30 проценти.
Во август годинава имало 36.870 повеќе луѓе во Заводот за вработување во Хрватска отколку во август лани.
Според податоците од месечниот извештај на Заводот, во август годинава, вкупно 12.362 лица биле новопријавени во регистарот на невработеност, односно за 9,1 процент повеќе од истиот месец лани, пишува „Јутарњи лист“.
И во Македонија бројката на невработени се зголеми откако почна пандемијата.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.