ПОРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Полицијата уапси лекарка во Битола
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2025 20:22
Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во координација со Јавно обвинителство Битола, попладнево ја уапсија И.Д.(67) од Битола, вработена во Клиничка болница Битола заради сомнение за сторено кривично дело „Примање поткуп“.
Во изјава за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување на кривична пријава.
Претходно Министерството за здравство ја осуди постапката и итно ја суспендира осомничената лекарка додека трае истрагата, а менаџментот на ЈЗУ Клиничка болница-Битола искажа загриженост и побара истражните органи транспарентно и законито да постапуваат во овој случај.
Ова не е прв ваков случај во битолската болница. На почетокот на годината полицијата приведе хирург во Битола.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




