Поради работа или образование дел од Македонците од Албанија мигрираат во Македонија
Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2022 07:20
Долги години, дел од Македонците од Албанија поради работа и образование, а со цел обезбедување на подобри услови за живот, мигрираат во Македонија.
Оваа појава не е масовна, но сепак постои. Никола Ѓурѓај од Македонското друштво „Илинден“ од Тирана вели дека тоа е природен процес, а Македонците од Албанија се преселуваат во Скопје, Охрид, Ресен, Дебар, Струга, Битола и други градови.
„Македонците од Република Албанија кои се преселиле во татковината Македонија, почнале од почетокот на паѓањето на комунизмот во Албанија, и отворањето на границите од 1991 година. Преселени се од различни причини. Некои сакале да живеат во татковината Македонија, за подобри услови за живот, купувале куќи, станови, имаат и свои бизниси и тоа во континуитет трае од 1991 година и понатаму ќе продолжи како природен процес. Македонците кои се преселиле во Македонија, ги има од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник“, вели Ѓурѓај.
Се вработуваат во различни бранши во приватниот сектор, а дел има и со ангажман во државен сектор. Мигрираат луѓе од различни возрасни групи. Некои од нив се често на релација Македонија – Албанија и кога се воведуваа мерките за карантин, тоа за нив претставуваше проблем.
Елса Халилај Џелили вели дека Македонците од Албанија најчесто се преселуваат во Охрид, Прилеп, Струга. Додава дека Голо Брдо беше заборавен крај, посебно до отворањето на граничниот премин. И денес нема добри услови за живот.
„Јас планирам да се преселам трајно во Охрид. Децата ми се школуваат во Скопје и Охрид. Јас сум по потекло од селото Требиште и таму нема добри услови за живот, иако се работи за големо село, познато по тоа што има многу мајстори, и многу мостови, згради кои се изградени во Албанија ги граделе мајсторите од нашиот крај“, раскажува Халилај Џелили.
Во соседна Албанија живеат околу 120.000 Македонци. Тие во Република Албанија живеат во педесетина села долж албанско-македонската граница во областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле или Долни Дебар и неколку села во околината на Корча, Подградец и Билишта.
Освен во селата, Македонците се сконцетрирани и во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Кукс, Корча, Каваја, Билишта, Подградец, Либражд и други.
Сања Атанасовскаfoto Wikipedia
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




