05 Декември, 2025
0.0568

Поради рестрикциите и стравот од заразување на многу Македонци им „паднаа во вода“ плановите за работа во странство

Објавено во: Економија, Корона Вирус 14 Септември, 2021 06:51

Добивај вести на Viber

Рестрикциите за патување во странство се менуваат често, зависно од епидемиолошката состојба кај нас и во останатите земји, и тоа придонесе многу македонски граѓани иако сакале и планирале, воопшто да не заминат на работа во странство.

Зоран Кочоски од агенцијата „Коузон“ објаснува дека тоа намалување е за 50 отсто во однос на претходните години. Вели дека менувањето на правилата за патување, намалувањето на сезонските работи во странство, и стравот од заразување спречи многу луѓе да отидат во странство.

„Во многу земји поради пандемијата стопанството не работи со полна пареа, а градежниот сектор и сезонските работи генерално привршуваат, но постои и стравот „Што ако се заразам“. Многу од луѓето заминуваат да работат на црно, со туристички визи, и нивниот пат е тешко да се следи, но секогаш е подобро на легален начин да се замине во странство. Ние нудиме работа на фармите во Англија, при што е покриено и здравственото осигурување. Луѓето кои се со ниски квалификации и заминуваат во странство, тие или не го познаваат јазикот во земјата каде одат или само делумно го говорат, така што доколку се заразат ќе им треба помош од некого, а во таква ситуација дали некој би се нафатил да им помогне“, рече Кочоски.

Тој додава дека ако во Хрватска претходно заминуваа по 7.000 работници од Македонија, сега се заминати околу 3.000.  Пред да почне пандемијата, одливот на работници беше многу поголем.

Кочоски очекува дека странските земји ќе се водат по препораките на СЗО, и за влез кај нив ќе бараат луѓето  да бидат имунизирани.

Само вакцинираните од Македонија од вчера можат да влезат во Швајцарија. Оваа држава ги заостри условите за влез на патниците од Македонија и од Косово, кои ќе можат да влезат само вакцинирани, и тоа со една од одобрените вакцини. На невакцинираните ќе им биде дозволен влез само во ситуации „на крајна неопходност“. И другите земји не дозволуваат слободен влез, туку бараат потврда за вакцинација, потврда за прележан ковид или ПЦР тест.

Сања Атанасовска

foto unsplash.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава