ПОРАКА ОД ЕУ ДО ОРБАН: Можеби имаш пиштол, но ние имаме базука
Објавено во: Свет 29 Јануари, 2024
Eвропската Унија(ЕУ) му се заканува на унгарскиот премиер Виктор Орбан дека ќе има последици ако планира да ја блокира помошта за Украина.
„Ова е Европа што му вели на Виктор Орбан „доста е, време е да си се вратиш на редот. Можеби имаш пиштол, но ние имаме базука“, изјави Мујтаба Рахман, европски директор на консултантската компанија „Евроазија груп“ за „Фајненшл Тајмс“.
Во текстот се вели дека ЕУ се заканува да ја загрози економијата на Унгарија, преку загрозување на валутата и довербата на странските инвеститори, ако Будимпешта во четврток реши повторно да стави вето на пакетот помош за Украина вреден 50 милијарди евра.
Ова, како што пишува „Фајненшл Тајмс“ е дел од доверлив план на Брисел пред претстојниот самит. Украина и Молдавија почнаа преговори со ЕУ, а Грузија доби кандидат статус. Орбан цело време е против испраќање оружје во Украина која се бори против руската агресија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.