Поранешен член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ ја разубедува партијата: Повикајте на масовно попишување, стравувам од најлошо можно сценарио
Објавено во: Македонија 18 Март, 2021 10:22
Никола Србов, доскорешниот член на Извршниот комитет на ВМРо-ДПМНЕ, ја повика најголемата опозициска партија да започне со кампања и да го повика своето членство и симпатизери масовно да се попишува доколку не биде одложена статистичката операција.
Според историчарот, доколку се поддржи одредена форма на бојкот, тоа би значело намалување на бројот на етничките Македонци, што според него, тоа би било најлошо можно сценарио.
„На неколку денови пред почетокот на пописот, доколку истиот се одржи во предвидениот рок, стравувам дека одиме кон најлошото можно сценарио што и претходно го имам и кажано и напишано. Еден дел од Македонците ќе бојкотира, друг дел ќе се попише и ќе добиеме неверојатно погрешни бројки кои ќе бидат земени за валидни.
Во наредните денови остануваат само две опции: 1. Да се направи сѐ за пописот да биде одложен за идната година 2. Да се започне кампања за масовно попишување“, напиша Србов на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




