Поранешниот израелски премиер осуден на 8 месеци затвор поради корупција
Објавено во: Свет 25 Мај, 2015 09:32
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт беше осуден на 8 месеци затвор под обвинение дека прифатил во спротивно со законот пари од свој приврзаник во САД, соопштија американските медиуми.
Тој беше осуден минатата година на 6 години затвор за друго дело за добивање на поткуп, кoe стави крај на неговата политичка кариера.
Адвокатите велат дека ќе поднесат жалба на пресудата.
Олмерт, кој се надеваше да постигне историски мировен договор со Палестинците, беше принуден да поднесе оставка во почетокот на 2009 година, по обвиненијата за корупција.
Повлекувањето му отвори пат за изборот на конзервативецот Бенјамин Нетанјаху на премиерската функција и за подоцнежен неуспех на мировните преговори.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




