Поранешниот полициски обезбедувач на Мицкоски се изјасни за невин
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2025 14:14
Ангел Самараков од Велес, кој беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски и беше упасен на крајот на март поради „тргување со информации и изнудување пари со тие информации“, се изјасни дека не е виновен на првото судско рочиште по обвинението за издавање на полициски тајни.
Самараков беше уапсен на почетокот на април во Велес при обид за предавање на доверливи службени тајни, тврди обвинителството и посочува дека друга полициска службеничка требало да прибави 50 илјади евра за размената.
Одбраната пак тврди дека нема докази за делото. Судењето беше одложено за 14-ти август поради проблеми со техниката за репродукција на видео докази.Одбраната побара и повеќе полицајци како сведоци. По судењето, само обвинителката во предметот даде изјава и посочи дека имаат цврсти докази за делото.
Тогаш треба да даде исказ и клучниот сведок Благоја Коруноски кој бил дел од размената на податоци. Коруноски е лице кое има судска пресуда од 12 години затвор за убиство, а обвинетиот полицаец Самараков го уапсил при бегство од затворот кога не се вратил од викенд, тврдат од одбраната на обвинетиот телохранител на Мицкоски.
Во воведниот збор обвинителката Ивана Трајчева рече дека во текот на главната расправа обвинителството ќе докаже дека Ангел Самараков на 30 март 2025 година околу 23 часот, на паркинг пред хотелот „Гарденија“ во Велес како службено лице вработено во МВР, а од користољубие, на сведокот Благоја Коруноски му дал достапни службени документи на МВР кои се службена тајна, за сведокот тие документи да ги објави на социјалните мрежи.
-За тоа обвинетиот Самараков требало да прибави од лицето Лелита Трајковска Миленкова износ од 50 илјади евра. Со тоа му се става на товар дека сторил кривично дело одавање службена тајна по член 360 став 2 во врска со став 1 – рече обвинителката Трајчева.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




