Поранешниот шеф на турската разузнавачка служба одби да влезе во парламентот
Објавено во: Балкан 10 Март, 2015 11:47
Поранешниот шеф на турската разузнавачка служба, Хакан Фидан објави дека се откажал од кандидатурата за пратеничко место на парламентарните на избори во јуни, пренесува „Ројтерс“. Агенцијата наведува дека одлуката на Фидан најверојатно ќе биде сметана како победа за претседателот Реџеп Ердоган, кој се спротивставил на неговата кандидатура.
Шефот на разузнавањето најави минатиот месец дека ќе се кандидира како претставник на Партијата на правдата и развојот, што доведе до поделба меѓу лидерите на партијата и претседателот.
Иако уставот бара од Ердоган да се дистанцира од партиската политика, тој најави дека „не гледа позитивно на кандидатурата на Фидан“, но додаде дека тоа е во надлежност на премиерот Ахмет Давутоглу.
Во кусата изјава Фидан, кој беше споменува како кандидат за министер за надворешни работи, не ја посочи причината за повлекувањето на кандидатурата.
„За време на службата на државата и на мојот народ секогаш ќе обидувам да ги исполнувам моите обврски“, изјавил тој и се заблагодари на Ердоган и Давутоглу за „нивната поддршка“.
Извор од администрацијата на Давутоглу изјавил дека премиерот разговарал за повлекувањето на Фидан со Ердоган, кој ја одобрил неговата одлука.
Ердоган, кој ја презеде претседателската функција минатиот август по 10 години како премиер, не ја крие својата намера да ја задржи контролата над политичкиот живот на земјата и партијата. Тој сака да обезбеди стабилно мнозинство во Партијата на правдата и развојот на изборите во јуни, што ќе му овозможи да направи промени во уставот и да создаде претседателски режим во Турција.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




