05 Декември, 2025
0.0368

ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ЗЕЈТИНОТ, ПОРАСНА И ПРОФИТОТ НА „КРИСТАЛ“ - за половина година добивка од 609 илјади евра

Објавено во: Економија 27 Јули, 2021 14:54

Добивај вести на Viber

Огромен пораст на добивката и приходите на македонсдката компанија за пропизводство на масло за јадење, „Кристал 1923“ од Велес, или попозната како Благој Ѓорев. 

Тие ги објавија своите финансиски извештаи за првото полугодие од оваа година. Билансот на успех говори дека оваа компанија остварила добивка во првите шест месеци од годинава од 609 илјади евра, што е огромен раст во однос на истиот период од минатата година, кога добивката изнесувала само 127 илјади евра. Или, профитот на оваа компанија во првото полугодие од годинава пораснал за дури пет пати во однос на истата временска отсечка од минатата година. 

Од објаснувањето што го дава компанијата во својата ценовно чувствителна информација до Берзата, може да се заклучи дека растот на добивката главно се должи на порастот на продажните цени на зејтинот.

Како што е поизнато, цената на овој производ расте на светските берзи, а тоа доведе и до висок скок на цените на маслото за јадење во земјава, дури и речиси двојно во споредба со пред извесен период. 

Од компанијата велат дека за шесте месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 312.301 илјада денари, и во однос на лани за истиот период се намалени за 4 отсто. Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени за 29 проценти, велат од компанијата.

Расходите за шест месеци оваа година изнесуваат 274.857 илјади денари и во однос на претходната година се намалени  за 14 отсто.

„Од напред наведеното може да се заклучи дека намалувањето на приходите е помало за 10 отсто во однос на намалувањето на трошоците, и како резултат на порастот на продажните цени на готовите производи во овој период во однос на цените на залихите, е остварен позитивен финансиски  резултат“, се вели во информацијата до јавноста од Кристал.  

Прогласената пандемија од ковид 19 немаше негативно влијание врз работењето во 2021 година, нагласуваат од компанијата, а нагласуваат и дека не очекуваат позначајни импликации врз резултатите од работењето на друштвото и во наредниот период.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје