Порошенко: Депутинизирајте го светот, само така можеме да го запреме
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2022 15:06
Украина сепак се подготвувала за војна со Русија.
Екс украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина од самиот почеток се подготвува за војна со Русија. Тој во разговор со руските пранкери Вован и Лексус признал зошто всушност му биле потребни договорите од Минск за да се реши украинската криза. Вели дека договорите од Минск биле неопходни само за да се купи време. За тоа дали договорите од Минск се невозможни за спроведување, Порошенко одговори дека благодарение на нив Киев успеал да ги формира украинските вооружени сили и да ја врати украинската економија. Сето ова го призна Порошенко во видео-интервју со еден од пранкерите, а пренесува Раша тудеј на српски јазик.
Поранешниот украински претседател додаде дека е убеден дека овој успех не би бил можен без поддршката на САД, бидејќи на југ целата артилерија е од западен калибар, односно од САД, мислејќи на ракетниот систем ХИРМАС.
Порошенко рече дека „мора да работат напорно за да создадат глобална коалиција против Путин“.
„Депутинизирајте го светот. Само така можеме да го запреме. И верувам дека основата на антипутинската коалиција е контакт групата за одбранбени прашања на Украина „Рамштајн“. Треба да го зголемиме бројот на земји кои се приклучуваат на одбранбената група“, нагласи тој.
Вели дека за неговата земја е неопходно оружје, а не зборови.
„Русија има десетпати повеќе артилерија, Русија има 30 пати повеќе муниција, а во авијацијата Русите имаат значителна предност, првенствено противвоздушни ракети, вклучувајќи ги и оние лоцирани во зоната на нашата контраофанзивна операција“, рече Порошенко.
Вели дека Украина треба да добие план за членство во НАТО. Според него, тоа би бил одговор на уцената на Путин. Порошенко на почетокот од војната беше снимен со оружје на улиците во Киев.„Русија сака пауза во војната бидејќи ништо не оди по планот“, изјави рускиот политиколог Максим Саморуков.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




