18 Декември, 2025
0.0408

Порошенко го напушти Давос поради влошување на ситуацијата во Источна Украина

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2015 11:31

Добивај вести на Viber

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, го напушти форумот во Давос и денес ќе отпатува во Украина поради „влошената ситуација“ на истокот во земјата. „Началникот на Генералштабот и министер за одбрана штотуку го известил за ситуацијата во близина на аеродромот во Донецк“, напишал портпаролот Чеголко на својот фејсбук профил. „Поради влошување на ситуацијата претседателот одлучи да го скрати својот престој во Швајцарија и веднаш ќе се врати во Украина“, напишал неговиот портпарол. И украинските сили и проруските бунтовници тврдат дека ја имаат контролата над аеродромот во Донецк. Воениот портпарол во Киев, Андреј Лисенко, изјавил дека во близина на аеродромот се случуваат жестоки борби, како и дека „украинските единици цврсто ја држат одбраната, нанесувајќи им на екстремистите тешки загуби во жива сила и техника“. „Операцијата продолжува“, додал Лисенко. Агенциите претходно јавија дека утринава во близина на аеродромот украински командоси поради густата магла го погрешиле курсот и паднале во рацете на проруските сили, при тоа голем број од нив биле убиени а еден дел заробени. Силите за самоодбрана на Донецката Народна Република тврдат дека само за 24 часа во борбите околу Донецк украинската војска загубила 40 припадници како и дека за време на гранатирањето на градот загинале тројца цивили, а биле повредени осум лица.    

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“