26 Ноември, 2024
0.0284

ПОРТОКАЛОВА ФАЗА - БРЗАТА ПОМОШ ИМА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА ПОВИЦИ: Колапси на јавни места, вртоглавици, висок притисок пријавуваат граѓаните

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Овие денови Македонија е на силен удар од топлотниот бран кој го зафати целиот регион. Температурите под сенка, во најжешкиот дел од денот се искачуваат и над 40 степени, а на сонце термометрите покажуваат и 50 степени. Во вакви услови, животот на граѓаните е отежнат, а здравствената состојба посебно може да се влоши кај хроничните болни, кај бремените жени, малите деца и возрасните над 60 години.

Од денеска сите региони во земјава влегоа во портокаловата фаза, меѓу нив е и скопскиот. Актуелната временска состојба во главниот град придонесе и зголемен број на повици во Итната медицинска помош. Директорката на Брзата помош, Д-Р Милица Бубало, во изјава за Фактор вели дека овој период за 24 часа имаат од 200 до 350 повици од страна на граѓаните.

-Топлотниот бран несомнено придонесе да се зголеми бројот на повиците од страна на граѓаните. Сепак, би сакала да истакнам дека сите повици не завршуваат со интервенции, поголем дел од нив завршуваат со совети. Инервениравме при неколу колапси на јавни места, дел од граѓаните бараат помош поради вртоглавици, покачување на крвниот притисок. Би сакала да обрнам внимание на граѓаните да бидат искрени кога одговараат на прашањата на нашите лекари за да знаеме точно за каква состојба станува збор, односно дали навистина е потребна интервенција на Брзата помош или пак е состојба која може да заврши со совет, односно препраќање на пациентите кај нивните матични лекари. Многу од состојбите не се итни и не мора да интервенира екипата на Брзата помош, на пример висока температура. За разлика од ова, итна состојба се грчеви кај дете поради висока температура, е таму мора веднаш да појдеме, затоа ни е важно граѓаните да бидат искрени. Зависно од симптомите кои ги пријавуваат пациентите, даваме совети и препораки, вели д-р Бубало.

Препораките за граѓаните во услови на исклучително високи температури се исти. Д-р Бубало вели дека сите треба да се придржуваат на препораките на Министерството за здравство, но особено треба да бидат внимателни најризичните групи, а тоа се луѓето со хронични заболувања, трудниците, возрасните над 60 години и малите деца.

Од денеска почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.
Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;

Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;

Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 - 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик