Добивај вести на Viber
„Путеви Србије“ од утре ќе почнат на државата да и плаќаат ДДВ за патарините, но засега цената за возачите ќе остане непроменета, тврди раководителот на секторот за наплата во претпријатието.
Миленко Цакович, раководител на наплата Танјуг вели дека на сите наплатни рампи од полноќ „Путеви Србије" ќе почат да прикажуваат ДДВ на сметките.
Според него, за евентуално зголемување на цената на патарините ќе се дискутира во текот на наредните денови, а конечниот збор ќе го даде српската влада.
Министерот за транспорт, Милутин Мркоњиќ порано најави дека на следната седница на српската влада ќе биде предложено зголемување на цената за патарина за 20 проценти, колку што чини ДДВ.
Последните неколку дена, се водеше „војна" меѓу Министерството за финансии и Даночната управа од една страна и „Путеви Србије“, од друга бидејќи компанијата од 2008 година има насобрано огромен долг поради неплаќање на ДДВ за патарина, бидејќи тврди дека патарината е јавна давачка и Владата не може сама на себе да си дозволи да наплаќа ДДВ.