После шест дена под урнатини спасена жена во Непал
Објавено во: Свет 30 Април, 2015 18:14
Спасувачите извлекоа жена од под урнатините на зграда во Катманду, пренесе Би-Би-Си. Цело време таа била заглавена од трупови.
Претходно беше спасено 15-годишно момче, затрупано под хотелот. Тоа имало среќа при уривањето хотелот бидејќи се наоѓало во лифт. Кога спасувачите го извадиле, Пема Лама бил свесен и дури го фатил за раката еден од луѓето кои бореле се часови да стигнат до него во урнатините.
Истовремено владин портпарол во Непал изјави дека лошото време ги попречува екипите кои се на помош на оддалечените области и села.
Владата доби критики за начинот на кој се справува со катастрофата.
Надвор од Катманду, помош се испраќа претежно со хеликоптер, бидејќи патиштата се блокирани од свлечишта, после силниот земјотрес, кој одзел над 5.500 човечки животи.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




