ПОСЛЕ ТЕШКАТА ОПСАДНА НОЌ ПРЕД ДИК: Напнато исчекување на спорните мандати
Објавено во: Македонија 16 Декември, 2016 10:04
ДИК имаше тешка ноќ ја чека уште помачен ден. Покрај напнатоста која се одвиваше внатре меѓу членовите, тензично беше и пред самата институција.
Приврзаници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ поминаа речиси голем дел од ноќта таму чувајќи ја како што велат победата од кражба.
ДИК отфрли вкупно 10 приговори кои на изборниот процес процес ги поднесоа коалицијата предводена од СДСМ и движењето Беса, а по завршување на седницата, приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа насобрани пред седиштето на Комисијата се разотидоа.
Комисијата во 03.30 утринава ја прекина седницата на која ги разгледуваше приговорите и одлучи расправата да продолжи во 12 часот.
Одбиени се три приговори на СДСМ и седум на БЕСА. Остана Комисијата да се изјасни за уште 5 приговори на СДСМ.
Синоќа пред ДИК симпатизери на владеачката гарнитура со автобуси беа донесени пред ДИК. Велат дека дошле да ја одбранат изборната победа на нивната партија и да спречат да биде поништена волјата на мнозинството избирачи.
Приговорите на СДСМ и Беса би можеле да влијаат на конечниот резултат на изборите и распределба на пратенички мандати.
ДИК првично соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ освоиле 51 мандат, а СДСМ 49.
Лидерот на СДСМ Заев е убеден дека тој и неговата коалиција ќе ја формираат новата влада.
Тој најави и жалба до Уставниот суд ако ДИК ги одбие приговорите на изборниот процес и ги повика граѓаните конечниот исход да го сочекаат мирно и сталожено.
Македонското буре барут
Наместо да биде почеток на излез од кризата, тесниот изборен резултат наговестува почеток на уште потешка криза во земјава. Аналитичарите предупредуваат на опасност од експлозија на незадоволство и можност од судири во поделената земја.
„Пат-позцијата во два политички блока, безброј комбинации за составување на новата влада и сериозна закана од можен внатрешен-македонски судир“ - вака ја опишува ситуацијата во Македонија аналитичарот Даут Даути за Дојче Веле.
Неговата проценка се базира на неколку показатели. Прво, резултатот од изборите изненадувачки е изедначен и надвор од сите очекувања, дури и за најголемите оптимисти во опозицијата- а тоа сериозно се заканува да ја наруши претставата за непобедливост на ВМРО. Второ, тоа е пораз на националистичка реторика на ВМРО, со оглед на тоа дека, играјќи на картата на „албанската опасност“ и ширејќи теории за завера, таа партија сепак не ја оствари очекуваната победа.
Трето, расколот внатре во албанскиот политички болк се заканува да го загрози опстанокот на ДУИ. Четврто, движењето Беса е големо изненадување бидејќи успеа да привлече голем број членови и приврзаници, но и тие кои се незадоволни од ДУИ и ДПА.
Факт е само дека не чека голем ден ...
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




