ПОСЛЕДЕН КАРАНТИН: Д-р. Виктор Исјановски за Фактор
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2020
Скопје мораше цело да се стави под карантин, поинаку ќе имаше многу
поголеми проблеми, вели во разговор за Фактор, д-р Виктор Исјановски, директор
на Здравствен дом-Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Смета дека
карантинските мерки, пред сè почитувањето на забраната за движење од
страна на грѓаните може да придонесе за намалување на бројот на заразени со
корона-вирусот.
-Ова што ни се случува изминативе неколку дена, надминувањето на бројот на заразени на оној кој го сметавме за пик е резултат на неприфаќањето на фактот дека болеста постои и дека се пренесува главно преку дружења, собири без никаква заштита, без носење маски. Бројките говорат дека тому собирите од викендите во средината на мај, кога беше празникот Рамазан Бајрам, како и продолжениот викенд за празникот Св. Кирил и Методиј, имало семејни собири, дружења, вечери....Одлуката на Комисијата за заразни болести е сосема исправна, главниот град да биде под целосен карантин, а не само одделни општини. За жал, покрај суровото, ќе изгоре и сировото. Има граѓани кои во овој случај се обесправени, но вака мора да биде, вели д-р. Исјановски.
Потенцира дека е очекувано граѓаните да го напуштат Скопје и да заминат онаму каде што полицискиот час е помалку рестриктивен, но вели дека во останатите градови има помал број на заразени, или воопшто нема, па и веројатноста за трансмисијата на болеста е многу помала.
-Свесни сме за револотот на граѓаните, но мора да се свати дека со вирусот, кој за нас докторите е навистина голема мистерија, може да се зарази секој оној кој не ги почитува мерките за заштита. Ние не избрзавме со одлуката за укинување на рестриктивните мерки. Тогаш бројките беа сосема поинакви. Јас искрено се надевам дека ова ќе биде последен карантин. Овој пат ќе бидеме повеќе присутни на терен. Активно ќе бидат вклучени локалните и верските заедници во „борбата“ против епидемијата. Народот мора да свати дека ова е многу сериозно. Но, мора да истакнам дека, ако и понатаму расте бројот на новозаразени, Комисијата за заразни болести ќе препорача уште построги мерки, можно е враќање на полицискиот час и во текот на работната недела, не само за викенд, вели д-р. Исјановски за Фактор.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.