Последен воз за журки без ограничувања: Српска фолкерка го наполни струмички Аватар
Објавено во: Македонија 13 Август, 2021 13:37
Нови ограничувања за заштита од Ковид-19 ќе стапат на сила од 16 август односно од понеделник, а во земјава како да се фаќа последниот воз за слободно журкање по ночните клубови. На граѓаните, особено на младите им е доста од рестрикциите, но секако во услови на раст на бројот на заболени дисциплината треба да е приоритет.
Вчера една српска турбофолкерка го наполни струмичкиот ноќен клуб Аватар, а гостувањата на вакви пеачи во клубови во земјава често значи и гужва. Фотографиите сведочат дека има многу луѓе кои не носат маски. Според актуелните правила до 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот и најмногу 250 гости.
![]()
Вечерва во Аватар гостува македонскиот пеач Лозано.
Инаку од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект на отворено, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани) на отворено. Мерката се однесува на лица над 18 годишна возраст.
Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




