Последно потсетување за третиот повик за финансирање проекти во образованието од Регионалниот фонд за предизвици
Објавено во: Мои пари 02 Јули, 2023
Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ)ги потсетува сите заинтересирани конзорциуми на установи за стручно образование и обука и претпријатија посветени на заедничко спроведување на проекти за кооперативна обука, дека рокот за аплицирање на Третиот повик за изразување интерес од сите економии од Западен Балкан 6 и сите економски сектори, истекува на 7 јули 2023 година, во 23:59 часот.
Изразите на интерес може да се поднесат од конзорциуми за стручно образование и обукасочинети од установи за стручно образование и обука и минимум две претпријатија по програма за кооперативна обука, кои заеднички ќе се вклучат во обезбедувањето на кооперативно СОО.
Повеќе информации за подобноста на апликантите и процедурите за аплицирање може да најдете во Упатството за третиот повик за изразување интереси, достапнотука.
Првиот и вториот круг апликации привлекоа повеќе од 300 Изрази на интерес од сите економии на Западен Балкан 6. Процесот на селекција доведе до избор на 63 проекти за финансирање, одвојувајќи приближно 27 милиони евра за инвестиции во опрема, инфраструктура и обука кај давателите на стручна обука и партнерските претпријатија.
Директор на СОУ „Киро Спанџов-Брко” од Кавадарци, м-р Душко Лазов, еден од наградените конзорциумиво Северна Македонија, наведува дека поддршката е многу значајна.
„Благодарение на РЦФ и Германското федерално министерство за економска соработка и развој, Германската развојна банка и ЗБ6 КИФ, СОУ ,,Киро Спанџов-Брко“ од Кавадарци, стручното електро-машинско, современо училиште, e едно од наградените училишта уште на првиот повик, во конзорциум со компаниите Дрекселмаер, ИГМ Трејд и Еуроникел индустри, сите од Кавадарци“, истакна директорот Лазов, додавајќи: „Проектот е во износ од 1.113.000,00 евра од кои директна донација се 585.000,00 евра каде што е опфатена набавка на опремата, обука на наставниците и менторите, а самата опрема се однесува на замена на старата и застарена лабораториска опрема за индустриските работилници во училиштето со сосема нова најсвoремена дидактичка опрема која опфаќа мехатронички сетови, ЦНЦ машини, пневматски и хидраулични постројки, роботски раце, софтвер, универзални PLCпрограми за едукација, микроконтролери и Arduino софвтерски системи.
Една од просториите треба да биде лабораторија за машинската струка, а другата за електроничката струка. Самата опрема ќе се користи за обука на учениците во следните области: мехатроника, електроника, автоматизација, роботика, пневматика и хидраулика. Оваа лабораторија овозможува обука за 25 до 30 ученици.“
Меѓу другото, тој потенцираше: „Благодарение на овој доделен грант, училиштето ќе може да обезбеди најдобро можно образование и практично искуство за младите ученици.Со подобрен квалитет на практичните обуки, учениците кои ќе завршат средно образование ќе бидат способни за самовработување и ќе бидат конкурентни за вработување во компаниите.
Ова е важно и за компаниите во нашиот регион бидејќи тие стануваат поконкурентни и придонесуваат за развојот на локалната економија. “
Германското федерално министерство за економска соработка и развој намени 64,43 милиони евра за РЦФ, а Владата на Швајцарија преку Швајцарската агенцијата за развој и соработка (SDC), вложи дополнителни 9,7 милиони швајцарски франци. Средствата се доделени на Германската развојна банка (KfW), a проектот се спроведува од Коморскиот инвестициски форум (КИФ) за Западен Балкан 6 (WB6-CIF), заедничка иницијатива на Стопанските комори од регионот.
ПР Објава
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.