15 Декември, 2025
0.3769

Разводите најчесто се во првите пет години од бракот: Кои се најчестите причини

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2019 07:02

Добивај вести на Viber

Во секој брак се појавуваат проблеми, меѓутоа некои сопружници ги надминуваат, додека други за жал бараат разводМодерното општество е тука, динамичниот живот е секојдневие и за млади и за возрасни, различниот начин на сфаќање на нештата го покажуваат карактерот на сопружниците, кариерата пред семејството се наметнува секогаш од едниот брачен партнер, нетрпеливоста, мешањето на родителите во бракот помеѓу сопружниците се само дел од причините кои доведуваат до оддалечување на брачните партнери, причини кои доведуваат и до раскинување на бракот помеѓу сопружниците. Наместо сите овие причини да се надминат со разговор и соочување со секојдневието. Секојдневие кое со исто темпо ќе продолжи даа биде присутно во живото кај секој од нас и без брак и по склучување на брак. Сепак младите брачни парови во земјаваизбираат прекинување на бракот наместо прифаќање на посложните обврски и грижата и мислењето и за друг освен за самите себе.

„Во последните пет години најчеста причина за развод во земјава е оддалеченоста на брачните другари еден од друг. Односите помеѓу сопружниците заладуваат поради динамичниот и различниот начин на живот. Занемарувањето и на дел од традиционалните навики во македонското семејство, но и со поедини индивидуални фактори кои ја зголемуваат нетрпеливоста помеѓу брачните партнери , вели за Фактор адвокат Маргарета Крстеска.

Финасиите се втори на листата како причина за развод. И тоа финансии кои ги има на располагање  семејството. Но кој колку заработил, кој колку троши, или познато помеѓу некои сопружници како „Мои пари-твои пари“. Во контексот финансиите како причина за развод се мисли и на брак склучен од интерес.

„Едниот брачен другар доколку има за цел да се обезбеди со добрата состојба на другиот брачен другар, па побуден од таквите чувства не ги преиспитува другите свои емоции. По некое време, се случува, сето ова да исплива на површина. Исто така, и фактичката оддалеченост на брачните другари кои најчесто се случува од професионални причини, односно кога партнерите имаат различни места на живеење или престојување поради професионални ангажмани“, истакнува адвокат Крстеска.

Неверството според адвокатите не е повеќе главна причина за разводи помеѓу сопружниците, како категорија постои, но како сегмент многу ретко се наведува во бракоразводната постапка. Исто така и мешањето на родителите на сопружиците во нивната брачната заедница не се наведува често во бракоразводните приказни.

Според неколкугодишното искуство на правниците, првите 5 години од заедничкиот живот на младите брачни парови најчесто е период во кој сопружниците поднесуваат документи за развод.

„После само 36 месеци заеднички живот или после 5 години брак, младите веќе имаат поднесено документи за раскинување на бракот.Има и чести примери на поведување на постапка за развод на брак кој траел само неколку месеци. Исто така, и сопружници кои останале над 20 години во брачна заедница, најчесто заради децата, денес собрале храброст или ги извадиле на прав пат децата и одлучуваат да покренат постапка за раскинување на бракот“, споделува адвокатката за Фактор.

Иако се ретки има и такви случаи во кои по консултација со социјален работник семејството си дава втора шанса и ги повлекува документите за развод.


Н.М

Можеби ќе ве интересира

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер