Поставени шатори и зголемена готовност во Лерин каде земјотресот направи штети

Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2022 16:43
Грчкото Министерството за климатска криза и цивилна заштита е во зголемена готовност по силниот земјотрес во градот Лерин.
Информацијата на Твитер ја соопшти министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Христос Стилијанидис по синоќешниот земјотрес во близина на македонско- грчката граница, јави дописничката на МИА од Атина.
Има штети на стари објекти, а специјалните единици за справување со катастрофи од противпожарната служба од цела Грција биле во состојба на зголемена готовност во случај да е потребна помош и интервенција. Веќе поставиле мал број шатори доколку некој од граѓаните има потреба.
Земјотресот со јачина од 5.3 степени кусо полноќ по локално време е регистриран на два километри од Лерин.
Тој ги исплаши жителите на Битола, кои пак ноќта ја поминаа на отворено, спиеја во автомобили или заминаа надвор од градот. Силниот земјотрес го почувствуваа жителите на повеќе македонски градови.
Можеби ќе ве интересира
ЈАЈЦА, КАМЕЊА И ВОДА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИШ - Драгослав Павловиќ беше нападнат од група учесници на вчерашниот протест

ПОЧИНА МАТУРАНТОТ ВУКАШИН – ТОЈ Е Е 16-ТА ЖРТВА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: Не издржа по 4 месеци и 20 дена борба за живот
ПРАТЕНИК ОД БУГАРИЈА СОБРА 27.000 ЕВРА ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ: Вели проблемите ќе дојдат подоцна и ќе имаат потреба од интервенции

Дачиќ потврди: Србија има „звучен топ“, ама не го користеше во саботата

ЕВЕ КАКО СРБИТЕ ГИ ПРЕЧЕКУВААТ РОДНИНИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ШТО СЕ ЛЕКУВААТ ТАМУ: „Драги Македонци, се е подготвено, има се што ви е потребно“

„СЕ ОДРЖА ГОЛЕМ ПРОТЕСТ СО ОГРОМНА НЕГАТИВНА ЕНЕРГИЈА И БЕС ИЗРАЗЕН КОН ВЛАСТИТЕ“: Вучиќ се обрати до јавноста

ВОЕН АНАЛИТИЧАР – „УПОТРЕБЕН Е „ЗВУЧЕН ТОП“, оружје кое го поседува српскиот безбедносен систем“

ПОЛИЦИСКИ ХАМЕРИ И ЖАНДАРМЕРИЈА ВО ПОЛНА ОПРЕМА ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈА КАЈ ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ: Протестот официјално заврши по прекинатиот 15-минутен молк

„ВУЧИЌ СЕГА СЕ ЧУВСТВУВА МНОГУ ЛОШО КОГА ГО ГЛЕДА СЕТО ОВА, ЗНАЕ ДЕКА Е ПОРАЗЕН“ - Антонела Риха за „малите победи“ на студентите
