18 Декември, 2025
0.1511

Потешка квалификација против осомничените за експлозијата на бомба во Битола

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2025 18:11

Добивај вести на Viber

Постапувајќи во предметот против четворица осомничени за инцидентот од 12 јули кога рачна бомба експлодираше на улицата “Охридска” во централното градско подрачје на Битола, јавниот обвинител нареди вештачење со кое вкупната проценета штета на околните објекти и паркираните возила беше утврдена на 405 илјади денари, соопшти обвинителството.

„Од тие причини, имајќи предвид дека станува збор за поголема имотна штета, Основното јавно обвинителство Битола изврши итна преквалификација на делото во потешко. Против четворицата осомничени кои претходно се гонеа за предизвикување општа опасност од член 288 од Кривичниот законик, сега е отворена истрага за Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството со прибраните докази ги утврди својствата на секој од осомничените, така што еден се товари за поттикнување, додека другите за дејствија на соизвршителство и помагање“, велат од таму.

Со прибраниот доказен материјал, обвинителите утврдиле кој од осомничените ја поседувал и активирал експлозивната направа – рачна бомба М-75 која на граѓаните им е забранета, па против него е отворена истрага и за – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со ставовите 1 и 5 од Кривичниот законик.

„Имајќи ги предвид сите овие околности и фактот што против осомничените ќе се води истрага, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог со кој мерката притвор од 8 дена определена на 20 септември сега им е заменета со 30-дневен притвор. Тројца од осомничените се лишени од слобода, додека четвртиот не е достапен на органите на прогонот од моментот на извршување на делото“, соопшти ОЈО.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија