Македонија пат купи за 7 милиони евра рекордна количина сол за годинава
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2021 09:31
Оваа зима немаше многу снег, ниту пак потреба од сериозни чести интервенции од сол по македонските патишта. Моментно во целата држава има снежни врнежи, но снег и на дел од коловозите. Од АМСМ соопштија дека на магистралните патишта има кашест снег од интервенциите на Македонија пат. Дел од граѓаните вчера реагираа дека автопатите не се исчистени.
Лани, како што веќе објави Фактор, за оваа сезона, Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта направи рекордна набавка од 60 илјади тони индустриска сол за 7 милиони евра. Третиот тендер по ред во последните четири години го добива демирхисарската фирма „Димакс рудници ДООЕЛ“ а договорот е во траење од две години.
Ова е убедливо најголемата набавка до сега за добитникот на јавната набавка, а претходните два вредеа 2,4 милиони евра пред две години, кога беа набавени околу 20 илјади тони индустриска сол, и 1,4 милиони евра во 2017. „Димакс рудници“ редовно обезбедува и други материјали и услуги за поранешната „Македонија пат“.
Ова е рекорден издаток на јавното претпријатие, кое минатата година остварило приход од 1,085 милијарди денари, а поголемиот дел од средствата се од јавното претпријатие „Државни патишта“. Добивката, односно недотрошените пари кои лани останале неискористени изнесуваат 46 милиони денари, односно повеќе од двојно во однос на една година претходно.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




