19 Декември, 2025
0.1149

Потпишан договорот, повеќе пари за ноќниот труд на сестрите

Објавено во: Македонија 17 Април, 2018 16:40

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со претседателот на Самостојниот синдикат на клинички центар, Горан Беговиќ и претседателот на Самостојниот Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски денеска потпишаа анекс на новиот колективен договор за зголемување на додатокот на плата за прекувремена работа, работа ноќе и работа на дежурство.

Според анексот од новиот колективен договор, вредноста на процентот за ноќен труд на медицинските сестри ќе се пресметува по нов повисок коефициент од 0,50 проценти, се наведува во соопштението на Мионистерството за здравство.

Претходниот коефициент изнесуваше 0,29 проценти за ноќен труд. Имено, за 8 часа ноќен труд, медицинските сестри со средна стручна спрема ќе земаат нето износ од 440 денари, медицински сестри инструментарки 446 денари, медицинска сестра со висока школа 483 денари, а медицинска сестра со висока стручна спрема 544 денари.

Продолжуваме и понатаму да работиме на подобрување на состојбите во здравството, унапредување на условите и капацитетите во здравствениот систем, како и за зголемување на надоместоците на целокупниот медицински кадар во земјава.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот