05 Декември, 2025
0.0413

Потпишан Меморандум за соработка меѓу АПРЗ и ЦРППР

Објавено во: Агробизнис 19 Октомври, 2012 18:13

Добивај вести на Viber

Меморандум за директна соработка во Битола денеска потпишаа директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството Јордан Кузмановски и Емилиа Ѓероска, директорка на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Меморандумот е во функција на заедничко дејствување и унапредување на состојбите во земјоделскиот сектор, како и приближување на аграрните практики до нивото на ЕУ. Целта е воедно забрзан развој на Пелагонискиот регион. - Практичната реализација на обврските од Меморандумот ќе ја вршиме на терен преку нашите советници, директно ќе помагаме за остварување на проектот „Воведување и спроведување на ЕУ-Лидер пристапот во Пелагонискиот регион“ што финансиски е поддржан од УСАИД, а имплементиран од корпорација Карана, ќе разменуваме информации и непосредно ќе комуницираме во интерес на земјоделците, истакна Кузмановски на прес-конференција. За реализација на Меморандумот е формирана посебна работна група во која членуваат претставници на Агенцијата од работните единици во Прилеп, Демир Хисар, Битола, Крушево и Ресен.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?