Потпретседателот на Собранието му „забрани“ на Никола Груевски да поднесе оставка
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2019 15:50
Горан Мисовски, потпретседателот на Собранието, му порача на поранешниот премиер Никола Груевски дека не може да си поднесе оставка како пратеник во законодавниот дом онака како што си замислува тој, туку дека треба лично да дојде.
„Читам Груевски ќе си поднел оставка. Членот 65 од Уставот на РСМ е многу јасен: Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието. НИКОЛА ТЕ ЧЕКАМЕ ВО РСМ!“, напиша Мисовски попладнево на својот профил на „Фејсбук“.
Сегашниот азилант Груевски преку својот фејсбук профил најави дека се повлекува од функцијата пратеник во Собранието на РСМ. Како што пишува екс премиерот, за тоа во наредните денови ќе биде известен формално правно и законодавниот дом.

Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




