22 Ноември, 2024
0.0298

„ПОТРЕБНО Е ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ ЗА ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА ГРАЃАНИТЕ“: Тренчевска бара прифаќање на предлозите на СДСМ за „брз резултат“

Објавено во: Економија 08 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден - нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат.

Ова го истакна денеска Јована Тренчевска, пратеничка од редовите на СДСМ и поранешна министерка за труд и социјални работи. 

Таа посочи дека според податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1 процент.

- Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ: да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра. Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно. Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените. Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети - нагласи Тренчевска.

Воедно посочи дека СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. 

- Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.

Просечната плата во земјата е намалена за 1.000 денари, а македонската економија е во слободен пад. Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9 проценти, а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година - нагласи Тренчевска.

Потоа дополни дека „ова се лоши вести и потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните, а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат“.

- Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија - заклучи пратеничката на СДСМ. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria