06 Октомври, 2024
0.0267

Потрес на берзите, експерти ги бројат деновите на Грција во еврозоната

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Пад по отворањето на берзите во Азија и Европа поради наметнатата од Грција контрола врз капиталот, објавија светски агенции.

За време на трговијата на азиските валутни пазари еврото падна на повеќе од тринеделното дно - 1.0950 евра во однос на доларот.

Во раните утрински часови во Европа во Азија заедничката валута се тргуваше на ниво 1,103 евра, пад од 1,18%.

При отворањето на берзите во Европа индексот FTSE 100 падна за 2,0% или со 135 поени. Германскиот DAX и францускиот CAC исто забележаа пад за околу 4% (односно 441 и 207 поени) при отворањето на пазарите. Португалскиот берзански пазар забележа пад од околу 5,8%, а италијанскиот FTSE MIB - 4,15% или со 988 поени.

Банкарските акции во Европа предвидеа сериозен пад поради кризата во Грција. Акциите во португалската BANCO COMERCIAL паднаа со 9,6%; BNP PARIBAS забележа пад од 7%; Ирската банка предвиде 8% пад, британските HSBC и BARCLAYS односно 2,2% и 4%; RAIFFEISEN - 14,4% пад; DEUTSCHE BANK - 6,3%, а ING - 5%.

Мохамед Ел Ериан, главен економски советник во германската финансиска компанија Allianz верува дека веројатноста Грција да остане во еврозоната е 15%.

Тој истакна пред "Блумберг" дека Грција најверојатно ќе биде принудена да ја напушти монетарната унија во следните неколку недели.

"Има 85% веројатност Грција да биде принудена да ја напушти еврозоната", рече тој.

Она што го гледаме е нагло сопирање, како што го нарекуваат економистите, кога платежниот систем запре. Логиката на нагли сопирања е масивно економска контракција, социјална тензија и тоа ќе продолжи да го попречува членството на Грција во еврозоната, појасни Ериан.

Во меѓувреме, францускиот министер за финансии Мишел Сапин призна дека Грција може да ја напушти еврозоната.

Според него преговорите можат да бидат обновени во секое време, додавајќи дека Атина треба да одлучи.

"Сакате да продолжат преговорите или сакате да го ризикувате напуштањето на еврото?", Праша тој.

Вкупниот европски банкарски индекс падна за повеќе од 4% минути по започнувањето на трговијата. Инвеститорите реагираа на последните настани околу Грција.

Денес се очекува шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер да најави нова понуда на Грција, но подоцна портпаролот на ЕК изјави дека нема да биде претставено нов предлог на Грција.

Во меѓувреме пензионери чекаат во долги редици пред грчките банки, покрај тоа што беше најавено дека банките ќе бидат затворени за една недела.

Според весникот „Kathimerini“ „некои локални банкарски филијали“ се очекува да отворат денес, за да им служат на пензионерите кои немаат картички да ги повлечат своите пари.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта