Потресната порака на сопругата на убиениот Ивановиќ никој не остава рамнодушен
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2018
Милена Поповиќ Ивановиќ, сопругата на свирепо убиениот Оливер Ивановиќ, лидер на граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, се огласи ноќеска на своите профили на социјалните мрежи со статуси кои кинат душа.
После вчерашниот настан кој ја потресе Србија и регионот и остави во шок многумина, Милена, сопругата на убиениот Оливер и мајка на нивното дете Богдан, објави статус на кој никој не може да остане рамнодушен.
„Пукаа во моето срце, мојата љубов, радост. Пукаа во таткото на Богдан. Пукаа на сите нас. Во слободата, на Србија!
Мирно спиј сакан мој.
Оние кои ова го направија, сигурно нема!“, гласи пораката на Милена.
Оливер зад себе остави четири сина - Никола, Жарко, Јанко и малиот Богдан.