22 Декември, 2024
0.0364

Потресно сведоштво на Наташа Стојановска: „Крвава бајка“

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

„Крвава бајка“, на поетесата Десанка Максимовиќ за малку повторно ќе беше испишана на брдовитиот Балкан. Сега во македонското Собрание. А окупаторот - не се Германците. А убиените ќе беа луѓе, родени во различни години, но водени од исти идеали. Луѓе кои 55 минути пред тој час, седеа во собраниските клупи и редакциите, прашувајќи се кога во земјата ќе се врати, мирот, правдата, демократијата и слободата.

Неколку дена подоцна - по неколку непроспиени ноќи, поради тоа што секое затворање на очите ми се појавуваат слики од раскрвавени глави и кошули  обоени со вистинска крв, читам дека дел од насилниците биле повеќекратни убијци. Одлежале затвор дури и за убиство на четиригодишни деца. Нам, на луѓето кои вечерта директно се соочивме со нив,  тоа ни беше веднаш јасно. Монструозни погледи, проследени со уште помонструозните крици само го потврдуваа нивниот нагон за убиство додека фрлаа со шипки и се што попатно собраа.

Македонското Собрание - буквално ја отсликуваше државата. Паралелен свет. Додека во една сала многумина се борат за живот, нападнати од „монструми“, во соседната сала, истите тие, претходно се веселеа и им бакнуваа раце на министри и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.  

Но, како почна македонската „Крвава бајка“, која за среќа немаше трагичен крај?

Беше јасно дека прес-конференцијата на Заев и Џафери нема заврши вообичано со барање одговори на прашањата кој, кога, како, што и зошто, бидејќи само што тие почнаа да зборуваат, демонстрантите влегуваа во Собранието. Стравот од неизвесноста беше очигледен кај сите.  Освен кај Заев, кој без двоумење застана прв пред вратата. Сепак, додека се обидував сето тоа да го пренесам во живо, преку фесјбук профилот, залепена до зид, а телефонот вклучен во штекер, оти беше јасно дека батеријата нема да го издржи денот, се надевав дека полицијата нема да дозволи да влезат внатре.  Лажна надеж. Насилниците, сепак влегоа. Прв на удар беше Заев, а потоа и сите останите кои ги затекнаа внатре. Пратеникот Бочварски, кој до тогаш стоеше пред мене во обид да ме заштити, го изгубив во хаосот. Продолжив да пренесувам директно на фејсбук, додека низ собраниската сала се обидувам да ги избегам клупите, шипките и даските кои летаа наоколу.

 А полиција сеуште немаше....

Стигнав до собраниското бифе, каде во затемнета просторија седеа неколумина колеги. Се сетив дека моето семејство е потресено. Морав да им се јавам и да ги смирам. Лажејќи ги, им велев: „Добро сум, на безбедно, немам батерија, ќе се јавам пак“. Истото им го повторував и во следните неколку часа додека животите ни висеа на конец, а наоколу се слушаа гласови  „Убиј го“, се слушаа истрели од куршуми и димни бомби, додека се гушевме во чад. А всушност се  прашував, дали воопшто ќе преживееме?

А веќе следниот повик беше директно вклучување во програмата на телевизија 24. „Заев е целиот во крв“,  беше првата вест што ја пренесов, откако насилниците,  дел од нив маскирани влегоа во салата каде Заев и  останатите беа доведени во еден ќош, од „монструми“ кои не ја бараа само нивната крв, туку и нивните животи.

Откако се јавив дома и во редакцијата, повторно тргнав кон салата на хоророт, со надеж да ги најдам колегата снимател Влатко и колешката Душица. Но, се слушна истрел.

Незнаев, ниту можев да видам кој пукаше. Дали има повредени. Некој од внатре само ми рече: Не отворај врата. Остани тука!  Повторно повик до редакцијата. Чекав ново вклучување во програма – за да информирам за истрелот. Во тој момент, влезе човек, со црвено - жолта трака на раката. Почна да вика и седна на соседното столче. На моето прашање, што се случува, стана тензично.

Прашуваше од кој медиум сум, а во обид да му објаснам дека тоа е најмалку важно - продолжи со зборовите: „Знам од која телевизија си, само сакав да видам дали ќе кажеш“. И почна да зборува за Библијата. Понатаму не го следев, бидејќи телефонот без престан звонеше од редакцијата од каде го чекаа моето вклучување. На еден од колегите му пишав: „Не можам да зборувам, до мене седи еден од демонстрантите“.   

Станав да земам вода, а потоа му понудив и нему. Седнав до него, велејќи му: „Ти си добар човек“.  Почнувавме разговор на сосема друга тема, а на еден метар од нас се слушаа истрели.

Влезе и колешката Душица. Потресена и повредена. Сведочела како насилниците буквално се обидувале да го убијат Зијадин Села.

А полиција сеуште немаше....

За цело време, на дечкото со црвено-жолта трака, му звонеа неговите родители. И неговото семејство беше потресено.  Исто како моето, како на Душица, како и на останатите. И тој ги лажеше дека е на безбедно. Но, ги убедуваше и дека ништо лошо не прави. И во моментот навистина не правеше. Но, не можеше да ги убеди.  Ми го даде телефонот да разговарам со неговата мајка. Се претставив. Се обидов да и објаснам дека нејзиниот син е со нас. Дека во тој момент не прави ништо. Но, таа, како и секоја нормална мајка беше загижена дека нејзиниот син ќе одговара кривично, дека ќе нема кој да го спаси,  молеше да се повлече оттаму. И објаснив дека во тој момент нема шанса да го напуштиме Собранието, но нејзиното следно прашање беше, каде е неговиот брат? На тоа немав одговор! Ја замолив да прекинеме, затоа што телефоните ќе ни требаат оти не знаеме уште колку ќе останеме внатре. И така беше..

И повторно, новинарството во нас, беше појако од стравот што го чувствувавме. Со Душица отидовме во другата просторија, каде Заев и останатите сеуште беа крвнички тепани во еден ќош од просторијата. Влатко Ѓорчев, веќе беше застанат во одбрана.  

А полиција сеуште немаше...

Се обидовме тоа да го пренесеме во живо со телефоните, но кога насилниците видоа дека снимаме – го земаа телефонот и почнаа да го фрлаат. Почнаа да не влечат, тегнат и вербално да не напаѓаат.

Не опколија 15 –тина мажи. Наспроти две жени! Непресметливи ликови од кои извираше агресија и насилство – ни урлаа! Очајно барав некој со кој ќе можам да се разберам, пред да биде предоцна.

Еден од нив, во тој момент ми изгледаше поразумен. Го убедив да ме извади топлата со која бев опкружена за да му покажам дека немам снимки. Се согласи. Но ме внесе во соседната просторија, што ми предизвика уште поголем страв, бидејќи останав сама со него.  Обидот на колешката Душица да влезе заедно со мене заврши безуспешно а таа доби удар. Додека тој  ми го проверуваше телефонот дојдоа уште двајца. 

Душица за сето време барала помош од собраниското обезбедување, со кое речиси секојдневно се сретнуваме по ходници. Но, нивниот одговорот бил дека немаат наредба. Замислете, немале наредба да спасат нечиј живот кој е загрозен?!

Откако тројцата демонстранти,  видоа дека немам снимки во телефонот,  почнаа да се правдаат дека ситуацијата излегла од контрола и дека немаат намера да ме повредат. Се расплакав. Пред луѓе кои не ги знам. Се обидоа да ме смират. Дозволија колешката Душица да влезе. Донесоа и вода, ми мереа и пулс.

Се појави нов лик со маска на лице, и нему му кажаа дека немам снимки. Еден од нив кажа дека во Собранието има трудна жена,  која мора да биде спасена. Но, се прашуваа како тоа да го направат?

Бев уплашена за својот живот, но понудив да им помогнам да спасат нечиј друг живот. Посочувајќи им дека ќе им кажам каде се засолнивме претходно, бидејќи таму има некој од кој може да земеме црвено-жолта трака со која ќе ја изнесат трудната жена од Собрание, но дека ги замолувам потоа да не остават таму сите. И така направивме. Ја земаа траката, од дечкото кој за среќа сеуште беше внатре. И не оставија.

 И после ова, пак звонев дома,  да кажам дека сум безбедна, без разлика што доживеав.

А полиција сеуште немаше.

Одеднаш се слушнаа силни татнежи. Почна да навлегува чад. Се повеќе. Надвор не смеевме, внатре се гушевме. Седевме со натопени морки крпи. Стануваше полошо. Некои од нас упатија и пораки за евакуација до луѓе кои знаевме дека се надвор „ Собрание.  Бифе. Неколку луѓе, се гушиме. Ни треба помош“.

За кратко се појави Влатко Ѓорчев во просторијата, а надвор веќе специјалците со димните бомби ги растерале демонстрантите кои беа во таа просторија и ги евакуирале пратениците.

Повторно повик во редакцијата – за вклучување во програма. Полицијата е тука, пратениците се евакуирани, демонстарнтите не се повеќе во таа просторија, но се накаде низ Собранието. Немаме информација, каде се и како се, одеше во етер, додека специјалците ни дозволија да направиме некоку слики.  

Помислевиме, дека конечно сме спасени. Но, кога не внесоа во собата каде што беа пратениците – нов шок.

Крв. Соба преполна со крв од живи луѓе. Се борат за живот.

Медицински лица – се обидуваа да го спасат животот на еден човек кој лежеше долу и чие лице не можев да го видам. Се бараше начин како да биде изнесен, бидејќи не смееше да се поместува. Конечно успеаа да го изнесат.  

Во еден ќош седеше Заев, целиот облеан во крв. Но делуваше смирено. Во Собранието и надвор сеуште имаше насилници. Влатко Ѓорчев – постојано носеше луѓе кои ги наоѓаше низ Собранието.

Во еден момент – Ѓорчев влезе и речиси избезумено го молеше Талат Џафери да ги врати, како што му велеше „Вашите“, бидејќи тргнале од Тетово, Гостивар, а некои стигнале до Бит Пазар. Веројатно истото го побара и од Заев, кому му се обрати потоа.  

Веднаш пролетува мислата – ќе успееме ли да се спасиме, или сите ќе завршиме во оваа соба? Но, продолжуваш да ги прашуваш луѓето наоколу дали се добри, бидејќи крварат.  Им даваш вода, аналгетици – се што може да помогне. Изврзани со завои на главите – но, крв тече. Некои од нив во видливо полоша состојба.  

Повторно, Ѓорчев, бара тројца најлошо повредени да бидат евакуирани, бидејќи се обезбедила таква можност. Некој вели, веднаш да одат Заев, Николовски, кој беше во очигледно најлоша состојба и Шилегов. Но, Заев со поглед кажува – дека не станува. И никој од останатите не стана. Се додека не се направи можност за евакуација на сите. Потоа, се создадоа услови сите да бидат евакуирани. Прво жените а потоа и мажите.

Евакуацијата почна, се движевме по собраниските ходници со обезбедување. Со страв, дали евакуацијата ќе биде успешна. Со колешките Душица и Габриела,  влеговме во военото возило, овојпат заедно со пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ, додека нашите колеги новинари кои беа надвор од Собранието го сликаа и снимаа моментот.  


По влегувањето во возлилото сите почнаа да звонат дома.  Да кажат дека се безбедни, а колешката Душица, од возилото кое требаше да не однесе на безбедна локација, со едниот телефон звонеше во редакцијата вклучувајќи се во програма за да ја пренесе информацијата, а другиот телефон ми го остави да се јавам дома и конечно да им кажам дека навистна сум безбедна.

Додека се возевме, заедно со Даниела Рангелова, Ане Лешкоска, Владанка Авировиќ - јасно беше дека и тие се уплашени. Не беа повредени, и среќа што е така, а Авировиќ се жалеше дека демонстрантите ја изгазиле. Но, не објасни кога – дали во соседната сала кога се славеше нивното влегување внатре или недај боже ја нападнале. Искрено се надевам, дека и тие по искуството што го преживеаа, ќе размислат, за нивните постапки, за политиките кои ги ќе поддржуваат во иднина.

Наташа Стојановска 

авторот е новинар во Телевизија 24, непосреден сведок на потресните настани во Собранието

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст

НЕМА ПОПУШТАЊЕ, НОВ ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ СЕПАК ЌЕ ИМА: Но ќе биде со подобрен текст

ЈА ИЗЛАЖАЛ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ - постара жена измамена за 28 илјади евра, МВР го расчистува случајот

ЈА ИЗЛАЖАЛ ДЕКА НЕЈЗИНАТА ЌЕРКА НАПРАВИЛА СООБРАЌАЈКА СО СМРТНИ ПОСЛЕДИЦИ - постара жена измамена за 28 илјади евра, МВР го расчистува случајот

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ПОВТОРНО СО ОСТРА КРИТИКА - „Обвинителите и судиите биле позаробени и покорумпирани отколку што сме мислеле“

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ ПОВТОРНО СО ОСТРА КРИТИКА - „Обвинителите и судиите биле позаробени и покорумпирани отколку што сме мислеле“

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје