Потврден рејтингот на ПроКредит Банка, Фич ја оцени со ББ+
Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2013 18:50
Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го потврди повеќегодишниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка „ББ+“, соопштија денеска од Банката.
Оттаму велат дека индивидуалниот рејтинг на ПроКредит Банка е резултат на позитивните бизнис резултати на банката меѓу кои квалитетот на кредитното портфолио и релативно нискиот степен на кредити во доцнење споредено со нивото на банкарскиот сектор, солидната капитална адекватност, високиот степен на ликвидност и диферзифицираната депозитна база.„Потврдата на рејтингот ја рефлектира стабилноста и сигурноста на ПроКредит Банка, што е од особено значење за клиентите, штедачите и кредитобарателите. Во голема мера резултатот е потврда на одговорното работење на банката, кредитната технологија и експертизата за проценка на ризикот уште во неговата рана фаза на што како германска банка се темели нашето работење. Во услови кога бележиме раст на кредитирањето на бизнисите за изминатата година, во предизвикувачки економски услови, да се добие оцена на работењето од независна меѓународна институција и да се одржува добриот рејтинг е важна карактеристика за работењето на една институција“, изјави Јованка Јолеска-Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.
Од Банката велат и дека дополнително за ваквиот рејтинг значајна е и поддршката од акционерите, пред се од страна на ПроКредит Холдинг-доминантниот сопственик на ПроКредит Македонија со седиште во Франкфурт Германија.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје





