Потврдена утрешната средба на Заев со Гаши
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2021
Премиерот на земјава Зоран Заев потврди дека утре ќе се сретне со претседателот на Алтернативата Африм Гаши.
Средбата ќе се одржи во 15:30 часот во Клубот на пратеници, изјави Заев за ТВ21. Оваа средба е дел од напорите за проширување на парламентарното мнозинство.
Алтернатива има 4 пратеници во Собранието, кои ако се приклучат на мнозинството, тоа ќе достигне 64 пратеници, ако тука се смета и пратеникот Кастриот Реџепи, кој минатата недела, не гласаше за паѓање на Владата.