Повеќе интернет за повеќе забава - 66 GB за само 599 денари!
Објавено во: Мои пари 18 Ноември, 2025 09:56
Во пресрет на новогодишните празници, период кога сите сакаме да бидеме поблиску до семејството и пријателите и да споделуваме повеќе моменти, А1 Македонија со огромно задоволство ја претставува својата најнова препејд понуда со која корисниците добиваат уште повеќе интернет и тоа дома и во роаминг.
Со најновата понуда корисниците добиваат неверојатни 66 GB мобилен интернет, од кои 60 GB за користење во земјата и дополнителни 6 GB за земјите од Балканот, месечна претплата од само 599 денари.
Новата понуда е дизајнирана за да обезбеди повеќе можности за комуникација, поврзување и забава, без ограничувања било дома или при патувања низ регионот. Таа им овозможува на корисниците да уживаат во своите омилени содржини, видеоповици и споделување празнични моменти со најблиските, каде и да се наоѓаат.
„Во време
кога сите сакаме да бидеме поблиску со оние што ни значат, нашата цел е да им
понудиме на корисниците повеќе слобода и сигурност во комуникацијата. Со 66 GB
интернет, од кои 6 GB важат и во земјите од Балканот, им овозможуваме да
останат поврзани и да споделуваат моменти без грижа за потрошен интернет. Оваа
понуда е наш начин да внесеме повеќе вредност и радост во претпразничниот
период,“
изјави Елена Панова, директорка на маркетин и дигитална трансформација во А1 Македонија.
Месечниот пакет е достапен по цена од само 599 денари и може да се активира преку аликацијата Мојот А1 или со испраќање на СМС со текст 66GB на бројот 1410.
Со „Повеќе интернет за повеќе забава“, А1 уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон креирање иновативни понуди и врвно корисничко искуство, овозможувајќи им на сите корисници да останат поврзани секогаш и секаде.
Повеќе информации можете да најдете на веб страницата www.A1.mk.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





