Сопствениците на малите бизниси со бројни реакции
Повеќе од извесно денеска да бидат предложени новите рестриктивни мерки: Само за три дена има 1.460 новозаразени и 19 починати
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2020
По денешниот утрински
состанок, министерот за здравство, Венко Филипче и членови на Комисијата за
заразни болести ќе имаат состанок и со премиерот Зоран Заев, на кој ќе му ги
образложат новите рестриктивни мерки кои ги предложија во петокот, а кои според
нив треба да го намалат понатамошното ширење на заразата со корона вирусот.
Тогаш беше речено дека, по евалуација на состојбата за време на викендот, ќе
препорачаат да не работи ништо по 23 часот, да се намали капацитетот на патници
во автобусите, како и да има целосна забрана на организирање настани. Од
петокот до денеска, во Македонија беа регистрирани дури 1.460 нови позитивни
случаи на ковид, а починаа 19 лица, што веќе е извесно дека ваквите мерки ќе
бидат предложени до Владата.
Истовремено, пак, бројни се реакциите на сопствениците на малите бизниси, односно пекарниците, како и малите маркети кои сега работат и по 23 часот. Велат дека ако им биде ограничено работното време, дека целосно ќе пропаднат.
- Лошо е што кај нас не постои никаков концепт. Не може туку така да речат нема работење по 22.00 или по 23.00 часот. Се се става во исти кош. Пекарницата ако не ја отворам во 02.00 по полноќ, сабајле ќе нема ништо тазе. Сепак, ако добро се размисли и не е добро вака да реагирам, се уште не знаеме како се точно ќе биде. Можеби ќе може да работиме, но не и да продаваме, што всушност е и пракса кај нас. Но, има пекарници кои работат и продаваат истовремено, и каде што младите навистина се собираат во огромен број. Затоа велам, не може се во исти кош да се става. Нека ги преземат искуствата од Словенија, не мора подалеку да се оди. Таму затвораат критични региони, некаде читав дека целосно се затворени барови и кафулиња. Не е фер да не испозатворат сите, а до сега кај мене ниту еден вработен не бил заразен со вирусот, и целосно се почитуваат протоколите за заштита од вирусот: Внатре исклучиво се влегува со маска, еден по еден, дури не дозволуваме и двајца да има. На врата си стои човек кој подава дезифициенс, што друго да речам. Ќе биде многу тешко за ваквите како нас, кој имаме мали бизниси од кој раниме цели фамилии, вели З. Т., сопственик на една од пекарниците во Скопје.
Во текот на оваа недела во Собранието треба да бидат усвоени дополнувањата и измените на Законот за заштита на населението од заразни болести со кој со амандмани ќе се донесат новите два пакета рестриктивни мерки. Во првиот пакет беше предложено задолжително носење маска на отворено, забрана за групирање во домови, односно максималниот број на гости кои ќе може да ги прими едно домаќинство да биде четири и забрани за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот.
До донесувањето на мерките, Министерството за здравство повторно упати апел до сите граѓани да ги почитуваат општите протоколи за заштита од корона вирусот.
-Насекаде во светот, во Европа и во нашата држава бројот на новозаболени од ковид-19 расте. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да се почитуваат универзалните мерки за заштита на индивидуалното и јавното здравје, уште повеќе заради тоа што временските услови се менуваат, а граѓаните почнуваат се повеќе да функционираат во затворени простории. Во моментов, единствениот начин за заштита од вирусот, насекаде во светот не само кај нас, е заштитна маска, потребното физичко растојание и редовна и темелна хигиена на рацете, порача министерот за здравство, Венко Филипче.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.