22 Ноември, 2024
0.0294

ПОВЕЌЕТО АВТОМОБИЛИ ИМААТ КОПЧЕ ЗА ШТЕДЕЊЕ ГОРИВО: Малкумина возачи знаат како правилно да го користат

Објавено во: Економија 10 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Опцијата за кружење на воздухот во кабината е една од најмалку користените карактеристики на автомобилот, а оние кои го активираат кружењето со притискање на копче со нацртан автомобил и стрелка наназад, генерално го прават тоа погрешно.

Целта на оваа функција е, наместо да зема воздух однадвор, системот повторно да го користи воздухот што е веќе внатре во кабината. Всушност, рециркулацијата е внес на воздух во патничкиот простор, филтрирање низ климатизерот и последователна дистрибуција до дефлекторите.

Главната разлика помеѓу рециркулацијата и конвенционалниот довод на воздух е тоа што протокот на воздух доаѓа од патничкиот простор, а не од надвор.

Режимот на кружење ви овозможува брзо загревање и ладење на воздухот, бидејќи температурата во кабината се разликува од температурата надвор од автомобилот.

Ако е активирано, копчето за кружење на воздухот му овозможува на клима уредот да користи воздух од внатрешноста на автомобилот со тоа што го влече низ отворите за воздух.

Покрај тоа, во исто време, системот го спречува влегувањето на надворешен воздух. Копчето обично се наоѓа околу тркалцето за климатизација што му овозможува на возачот да ја прилагоди внатрешната температура.

Користењето на копчето за кружење ќе помогне да се намали потрошувачката на гориво затоа што помалку го оптоварува моторот на автомобилот. Принципот е ист за електричните автомобили бидејќи климата ќе ја оптоварува батеријата помалку.

Во пракса, малку луѓе ја користат оваа функција. Најчесто, рециркулацијата се користи за да се спречи навлегување на непријатни мириси во внатрешноста на кабината.

Голем број од луѓето поради тоа што се пуши во предниот дел од автомобилот или ако наидат на правлив дел од патот не го користат копчето. За да не ги мирисаат овие мириси, многу возачи го активираат само механичкото копче за кружење на воздухот и во такви ситуации и го блокираат пристапот однадвор, не знаејќи дека оваа функција може да придонесе за намалување на потрошувачката на гориво и климатизацијата при секојдневното возење.

Фото: Erik Witsoe/ Unsplash

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат