Повик за Менторска програма за млади професионалци
Објавено во: Мои пари 30 Август, 2016 11:16
Врз основа на член 58 од Статутот на Друштвото (КД Фондови), а со цел унапредување на својот работен делокруг, извршниот директор за односи со вложувачите го објавува следниот ПОВИК ЗА УЧЕСТВО во Менторска програма за млади професионалци.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат потенцијалните кандидати:
- Да се на возраст до 27 години;
- Да имаат стекнато високообразовна квалификација или да се запишани во последната година на студии од областа на општествените науки;
- Да се елоквентни и умешни при отпочнувањето на конверзација со луѓе од различна професија, возрасна група, пол и социјален статус;
- Да негуваат деловен изглед;
- Да поседуваат добра репутација.
- Автобиографија (CV)
- Детално разработено пропратно писмо, во кое јасно и детално ќе бидат опишани замислата и решеноста на кандидатот за успех во дејноста која ја извршува КД Фондови АД Скопје. Добро структурираното пропратно писмо е од клучно значење за Вашата апликација во процесот на селекција на кандидатите. Поради тоа, за неговата подготовка, информирајте се за мисијата, вредностите и бизнисот на нашата финансиска институција преку веб странава, како и преку групациската веб страна: www.kd-group.com/en/.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




