ПОВИСОКИ ПЛАТИ ЗА ДОКТОРИТЕ И ПРОСВЕТНИТЕ РАБОТНИЦИ - премиерот вели се бара решение за раст на каптацијата за матичните лекари
Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 13:46
Раст на платите на матичните доктори, но и зголемувањето на платите на просветните работници беа меѓу темите на кои говореше премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во Тетово.
Тој укажа дека се работи на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти, соопшти Мицкоски при денешната посета на тетовскиот регион.
- Да, ги слушам и јас тие реакции од страна на матичните лекари. Работиме на пријатно изненадување за нив. Очекувам дека веќе во следната недела ќе има добра вест за матичните лекари. Работиме на овозможување покачување на капитацијата за матичните лекари, што би се движела помеѓу 20 и 30 проценти. Оставете да ги направиме конечните пресметки, ќе излеземе многу скоро со информација што мислам дека ќе биде позитивна вест за матичните лекари - одговори премиерот на новинарско прашање.
Тој исто така укажа дека просветните работници од овој месец практично ќе добијат зголемување од седум проценти, што ќе се надодаде на зголемувањето од пет проценти за октомври, односно исплатено ноември, минатата година одговарајќи на новинарско прашање.
- Сумарно, за период помал од пет месеци, покачувањето ќе биде околу 12,35 проценти со тенденција, согласно договорот што го постигнавме со синдикатите, до крајот на мандатот на оваа влада, тоа покачување да дојде и до педесетина проценти. Сето ова се резултати на напорна работа на сите членови на Владата и јас за тоа им честитам и ги охрабрувам така да продолжиме со пријатни вести за граѓаните и да испраќаме позитивни пораки - рече премиерот.
Можеби ќе ве интересира
ДИСКА, НОЌНИ КЛУБОВИ, КАБАРЕА, ГОСТИЛНИЦИ, РЕСТОРАНИ, КАФЕ БАРОВИ - за три недели заработиле казни од 530 илјади евра

Се подготвува интерпелација за Тошковски поради селективна истрага

ДЕРАТИЗАЦИЈА МУ Е МАЈКАТА: Глувци во училиште во Бутел, министерката им го кажа решението на проблемот

МВР упадна и заплени канабис во фабрика во Гостивар

„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ - Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме

Алијанса за Албанците на Таравари го исклучи Мухсин Арифи од партијата

ДУИ за „меморандумот“ на Тошковски и Коцевски: Иронија и заробена држава

Физичко обезбедување за социјалните работници: Состанок на Лимани со директорите на центрите

САГАТА СО КУЧКАТА ЦЕЦА НЕМА КРАЈ, СЕ ОГЛАСИЈА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ОД ШТИПСКИОТ ЗАТВОР, А ПРЕНЕСЕ УПОЗ: Не сме помагале на осуденик, цинизмот на Пандов е неоправдан
