19 Декември, 2025
0.0691

„ПОВРЕДЕН ОД ПРЕДВРЕМЕНОТО ЗАВРШУВАЊЕ НА АМБАСАДОРСКИОТ МАНДАТ, КОЈ МУ ГО ПОДАРИ ЗАЕВ, ЖЕРНОВСКИ ПАК ДРЖИ ЛЕКЦИИ ЗА ДИПЛОМАТИЈА“: Милошоски со наградно прашање за успесите на екс амбасадорот

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Антонио Милошоски, се огласи на социјалните мрежи, за успехот кој зад себе го оставил екс амбасадорот на земјава во Букурешт, Андреј Жерновски.
Наградно прашање: Дали некој знае барем еден битен договор што е потпишан од Андреј Жерновски, а истиот да е корисен за Македонија?!

Повреден од предременото завршување на амбасадорскиот мандат во Букурешт, кој му го подари Заев, Жерновски повторно држи лекции за дипломатија. За дебакли, за европски интеграции, за идентитет и интегритет. А истиот човек, за жал, аплаудираше на склучувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, ги фалеше протоколите потпишани од МНР Османи, а токму овие документи ја доведоа Македонија во потчинета положба, особено кон Бугарија, давајќи и легална основа за злоупотреба на ветото во рамките на ЕУ.

Пред дипломатијата, за која Жерновски сега глуми сезнајко, истиот беше претседател на ЛДП и остана запаметен по "експертската" изјава дека ќе се срушела северната трибина на националниот спортски стадион, кој и тогаш и сега остана да биде капитален проект кој е гордост за сите спортисти и навивачи.

Но, ваквите "експертизи" на Жерновски речиси секогаш се паушални, бидејќи тој зад себе ниту како градоначалник на Центар, ниту како заменик министер за надворешни работи, не оставил ниту еден капитален проект. Единствениот "капитален проект" му беше трансферот од ЛДП во СДСМ, за да ја добие функцијата заменик министер за надворешни работи. Затоа, за интегритет е несоодветно да дели лекции оној кој си ја продаде партијата ЛДП, за функција доделена од СДСМ. А дали нешто направил како градоначалник на Центар повеќе може да ви објасни Мирослав Шиповиќ, поранешниот претседател на Советот на оваа општина.

 Жерновски го нарекува „дебакл“ тоа што Комисијата за надворешни работи во ЕУ-Парламентот– со широко мнозинство – усвои извештај во кој без фусноти, без загради и без наведнати глави, се потврдува македонскиот јазик, македонскиот идентитет и европскиот пат на Македонија. Ова е респектабилен дипломатски успех на Македонија и сериозен обид да се поправат значителните штети кои претходно ги направија Заев, Маричиќ, Османи и другите функционери на кои Жерновски сервилно им аплаудираше од заменичкото место во МНР.

Кога СДСМ и ДУИ беа на власт, европските документи беа полни со додавки, фусноти, и дипломатски порази. За разлика од тогаш сега зборуваме за достоинствено претставување на Македонија и во Берлин, и во Париз, и во Вашингтон, и во Лондон, во Будимпешта, во Анкара, и се разбира во Европскиот парламент во Брисел. Денес на меѓународна сцена и премиерот, и претседателката на државата и министерот за надворешни зборуваат усогласено и аргументирано за државните и за македонските интереси.

Македонија нема потреба веќе видените „партиски прелетачи" како Жерновски да глумат експерти. Народот одамна ве препозна кои сте и пред една година ви даде јасна порака што мисли за вас, за Заев и за Фрчкоски.

 Времето кога вие ја претставувавте Македонија – заврши.

Наградно прашање: Кој капитален проект точно остана зад Андреј Жерновски – освен прелетувањето од ЛДП во СДСМ, за да добие фотелја како заменик министер?, напиша Милошоски.



Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата