19 Декември, 2025
0.0425

ПОВТОРНО РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ – лани згаснале 142 животи, дури 15 повеќе од претходната година

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2025 07:36

Добивај вести на Viber

Продолжува трендот на раст на бројот на изгубени животи во сообраќајни незгоди кои се случиле во Македонија. Наместо намалување на бројот на жртви на македонските патишта, кај нас последниве три години има обратна тенденција.

Последните податоци покажуваат дека во 2024 година, во Македонија вкупно 142 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди. Тоа се 15 жртви повеќе во однос на 2023 година кога 127 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди.

-  Во 2024 година безбедноста на сообраќајот на патиштата е неповолна, односно бележиме поголем број на загинати лица во сообраќајни незгоди во однос на претходната година. Особено важно е да се истакне дека Македонија, треба до го достигне нивото на безбедност на сообраќајот на патиштата односно просекот на земјите членки на Европската унија, а тоа е 5 загинати лица во сообраќајни незгоди на 100.000 жители или тоа во апсолутни бројки би значело помалку од 100 загинати лица на годишно ниво и оваа цел не е остварена. Главната причина за неостварување на целите од Втората национална стратегија, е нецелосната и неефикасна имплементација на политиките и мерките утврдени во Стратегијата– се наведува го годишниот извештај на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Но бројките од 2021 година наваму покажуваат дека секоја година имаме раст на бројот на жртви во сообраќајни незгоди.

Во 20221 година имало 116 жртви и таа година надлежните истакнуваат дека е година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години. Но, по намалувањето, веќе од 2022 година повторно почнува тренд на раст на загубените животи во сообраќајки.

Во 2022 година животот го изгубиле вкупно 124 лица, додека следната 2023 година бројот достигнал 127 лица. Иако во 2022 година споредено со 2021 година бројот на жртви се зголемил за 8, додека следната година за 3, минатата година бројот пораснал за дури 15 жртви повеќе од претходната година.

Од РСБСП посочуваат дека „за долгорочно и трајно подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, неопходно е да се заврши процесот на донесување на нов стратешки документ за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата односно изготвување на Трета национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2024 – 2029 година“.

-  За унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата неопходно е во наредниот период сите надлежни институции од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата и сите поединци кои на било каков начин учествуваат во сообраќајот, безбедноста на сообраќајот на патиштата да ја имаат како заедничка одговорност, висок општествен приоритет и како највисока заедничка цел. Со цел директно да се придонесе за креирање на услови и можности за намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди исто така неопходно е во наредниот период да се продолжат и да се интензивираат инвестиции во патната и сообраќајната инфраструктура– се нагласува во извештајот.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот