Пожално нема: Вознемирувачки фотографии од обесено куче во Демир Капија
Објавено во: Македонија 24 Април, 2021 10:47
Фотографии кои се навистина вознемирувачки, а на кои се гледа куче обесено на дрво, објави денеска фејсбук страницата Шепасти ентузијасти.
Станува збор за фотографија која е направена во Демир Капија, а таа навистина згрозува.
„Понекогаш не знаеме како да изреагираме на ваков случај! Штотуку овие слики ги добивме во порака од Демир Капија. Ова се случило денес, обесиле мало кутре, мало бебе, мало дете кутре. Толку невини суштества, толку чисти и полни со љубов вие сте решиле да ги убиете. Што може ова кутре да ви направи за да го заслужи ова?
Па дали сте вие нормални? Дали вие имате емпатија? Дали вие воопшто имате чувства, стои во постот.
Тие велат дека случајот ќе го пријават во Министерството за внатрешни работи и во АХВ.
Граѓаните не запираат со коментарите и осудата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




