ПОЖАР ВО ЕДИНСТВЕНАТА ГРАДИНКА ВО ЖЕЛЕЗАРА: Родителите ќе ги носат децата во друг објект, полицијата работи на откривање на причините
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2024 07:40
Вчера утрото избил пожар во кујната во клонот на градинката „Детска радост“ - „Калинка“ во населбата Железара - општина Гази Баба.
Според информации до кои дојде Фактор, на родителите, вчера рано изутрина им била испратена порака да не ги носат децата во градинката, бидејќи се случил пожар во кујната.
Според вработените, пожарот избил во кујната, поточно бојлерот кој бил во кујната, а автоматските осигурувачи спречиле да дојде до поголемо ширење на пожарот и имало само чад.
Во текот на вчерашниот ден се чистел инвертарот на целата градинка.
До родителите подоцна пристигнала уште една порака во која им се укажува доколку можат, денес и утре да ги остават децата дома, а оние што мора да ги однесат во градинка, тоа да го направат во објектот Мимоза, каде е лоцирана и управната зграда на градинката во Автокоманда. На користење им била отстапена занимална, се до санирање на настанатите штети.
Родителите се видно загрижени поради овој инцидент. Велат дека се надеваат оти проблемот брзо ќе се реши но и дека очекуваат децата да се вратат во безбеден објект.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија инцидентот. Велат дека работат на утврдување на причините за пожарот.
Ф.Р.
Фото:Принтскрин Борис Георгиевски Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




