ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШ СЕ ПРИБЛИЖУВА ДО ВИКЕНД НАСЕЛБА - пожарникарите остануваат на терен
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2024 23:26
Големиот шумски пожар што избувна попладнево над Радовиш и навлезе во борова шума, се приближува до викенд населба, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Според него станува збор за пожар на околу седум километри од градот, а пожарникарите на ТППЕ Радовиш и локално население прават напори да ја пресечат линијата на огнот.
- Пожарникарите се обидуваат со контра пожар да ги одбранат десетината куќи и викендичките кои се наоѓаат во неспоредна близина на пожарот - изјави Ангелов.
Гаснењето на пожарот ќе продолжи и во текот на ноќта.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




