27 Јануари, 2025
0.0293

Поздрав ПЛЕНУМЦИ Професор – Средношколци!!

Објавено во: Македонија 04 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Писмено обраќање на Професорот Душко Стојановски од Гимназијата "Орце Николов" до пленумците, до власта, до родителите, до неговите колеги и директорите.

Ви го пренесуваме во целост:

„На почетокот на ова мое јавно обраќање да Ви ја искажам сета моја почит, сета благодарност за Вашата отвореност и искреност, храброст и самопрегорност, сочувство и солидарност, за цврстината со која плените. Веќе петта недела, со младешка понесеност, се борите и ни држите лекции. Не учите што е тоа достоинство, што е истрајност, што значи да се биде човек. Вие сте СВЕТЛИНАТА во мракот на оваа земја.

Се разбира, токму затоа и не можете да воспоставите дијалог со "фраерите" со кои ги водите разговорите(преговорите). Се плашат да ви се приближат. Својот страв го кријат зад ароганција и насилничка реторика. Се кријат зад стари удбашки фрази од типот "знам јас кој те праќа". За нив сте ноќна мора од која не можат да избегаат.

Штом ќе седнете наспроти нив, нивните фрустрации целосно ги окупираат. Ги потсетувате на се` она што тие не се. Се чудат како некакви "дечишта" исправено стојат пред нив и ги гледаат право в очи. Немоќта што ја чувствуваат го разгорува гневот во нив. Гнев затоа што тие "такви величини" не можат да му се пофалат на Победник( од старогрчкиот збор, оф пардон, старомакедонскиот) Велики ползејќи пред неговите нозе.

Ги победувате со својот интегритет, со својот продорен поглед полн со искреност, надеж и соништа. Полн со решителност. Не знаат дека храбрите луѓе се најсилни токму кога ќе станат после ударот што ги соборил на земја. Не можат ни да знаат, зашто се робови на своите фрустрации. Се кријат, се оградуваат со ѕид од полтрони и ситни профитери. Такви кои ги галат нивните уши дека во образованието е се` убаво. Дека вие сте само група засегнати. Такви кои секојдневно до Градот и МОН испраќаат лажни извештаи дека наставата тече без проблеми. Дека часовите редовно се одржуваат.

Такви бесрамници кои седат во директорските фотелји и испраќаат лажни извештаи. Такви кои за "шака долари" снимаат рекламни спотови за убавините на нашето образование. Такви кои, иако едвај знаат да се изразуваат, седат во комисии за спроведување државни испити. Такви за кои "реформите" се тендерски зделки и се разбира, убава можност за "донација" за државата. Такви на кои и доктор сителовски може да им позавиди на гебелштината.

Овој некадарен тим на МОН да разбираше само П од политичар ќе дојдеше меѓу Вас. Ќе прошеташе низ Вашиот камп на спокојот и цврстината, на единството и солидарноста. Ќе видеше како се грижите и меѓусебно се помагате. Ќе видеше какво внимание му давате на бездомникот што секој ден го храните. Ќе видеше како Ромката Емине ја учевте да пишува и чита. Ќе видеше со каква љубезност се однесувате кон сите кои ве посетуваат, па дури и со оние што ве прекоруваат. Ќе ја откриеше вашата ведрина.

Немаше да размислува само како да ви ја најде слабата точка. Немаше да ја следи исчашената идеолошка матрица на разбивање со поткуп и заплашување!

Вие ПЛЕНУМЦИ се исправивте пред предизвикот и јасно и гласно кажавте што сакате. Дека сакате здраво образование што ќе создава здрави луѓе. Дека сакате здраво општество со еднакви можности за сите. Дека сакате да живеете и да се развивате ДОМА.

Сега сме ние на ред, ние задоцнетите, заспаните, исплашените. Ние вашите родители и наставници. Ние треба да покажеме кој пат го бираме. Да покажеме дали ќе останеме во г*****а каде што не доведе "бумбарот" по кој покорно ползевме, или ќе ви се придружиме Вам? Ќе застанеме до Вас и нема да дозволиме "ништожните" луѓе во кожа на големи ѕверки да си играат со Вас. Да го уништуваат највредното во вас. Потребни сме Ви сега. Сега, повеќе од кога-било. Да покажеме одважност и знаење. Да покажеме дека сме луѓе. Да Ве одбраниме Вас, да ја одбраниме иднината, да го одбраниме животот. СВЕТЛИНАТА или бумбарот, прашањето е сега!!!???“

Професор Душко "Орце Николов"

Можеби ќе ве интересира

„ЗАРАДИ ЛИЧНА КОРИСТ СЕ ОТКАЖАА ОД ГОТОВ ПРОЕКТ“: Груевски за неизградениот карго аеродром - 'со доинвестирање по 2028 ќе станеше главен аеродром''

„ЗАРАДИ ЛИЧНА КОРИСТ СЕ ОТКАЖАА ОД ГОТОВ ПРОЕКТ“: Груевски за неизградениот карго аеродром - 'со доинвестирање по 2028 ќе станеше главен аеродром''

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ПОВРЕДЕНО ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ЗРНОВЦИ - ПОНИКВА: се судриле возило на МВР и „опел корса“

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ ПОВРЕДЕНО ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ЗРНОВЦИ - ПОНИКВА: се судриле возило на МВР и „опел корса“

„ВЛАСТА ЈА САКААТ САМО ЗА ДРЖАВАТА ДА ЈА КРАДАТ“: Хајредини со остра критика до властите, но и до опозиционерите

„ВЛАСТА ЈА САКААТ САМО ЗА ДРЖАВАТА ДА ЈА КРАДАТ“: Хајредини со остра критика до властите, но и до опозиционерите

МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БЕСОЗНАНИЕ ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА - пиеле алкохол во дискотека во Гостивар, се истражуваат случаите

МАЛОЛЕТНИЦИ ВО БЕСОЗНАНИЕ ПРЕНЕСЕНИ ВО БОЛНИЦА - пиеле алкохол во дискотека во Гостивар, се истражуваат случаите

НА МАЛИОТ ТАДЕЈ МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ: родителите на ова момче бараат поддршка за да го испратат на лекување во Белгија

НА МАЛИОТ ТАДЕЈ МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ: родителите на ова момче бараат поддршка за да го испратат на лекување во Белгија

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ДАЛИ ИМА БОРБА ЗА ПАЗАРОТ ВО ОНКОЛОГИЈА НЕ БИ МОЖЕЛ ДА КАЖАМ, ИМА ОБВИНИТЕЛСТВО: Сашо Клековски во „Бизнис муабети“

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ЌЕ СЕ БАРА ПОГОЛЕМ РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: Конфедерација на синдикати обвинува за кршење на правата на работниците, еве ги деталите

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ЖИТЕЛКА НА ГОСТИВАР ВО СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА - хоспитализирана е во Ургентниот центар во градот

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

ЕДЕН УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ КАЗНЕТ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ - АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри